Интересни факти за вереничкиот прстен

Вереничкиот прстен, покрај бурмата, е најважен во животот на жената и ја потсетува на едно прекрасно, трајно ветување. Ја симболизира животната љубов на вашиот партнер и обврзувањето на кое тој е подготвен.

interesni-fakti-za-verenickiot-prsten-01

Дали знаете од каде потекнува обичајот на давање на овој прстен? Колку им е потребно на мажите да одберат совршен прстен? Кој е најдобриот период да бидете запросени? Дознајте во продолжение...

- Обичајот на давање веренички прстен потекнува од Стариот Египет. Тие се заслужни затоа што се носи и на четвртиот прст на левата рака, бидејќи верувале дека токму таму се наоѓа вена која е директно поврзана со срцето.

- Во минатото, вереничкиот прстен не ја симболизирал само љубовта, туку и материјалната страна на животот. Оној маж кој ќе и подари ваков прстен на жената се обврзува дека ќе и овозможи материјална сигурност до крајот на животот. Покрај прстенот, обично се давала и кеса златници како показател на материјалната моќ.

- Порано мажите работеле помеѓу еден и три месеци како би имале пари да купат веренички прстен на својата идна сопруга. Денес е потребно помалку време, околу три недели.

- Просечниот маж трага за совршениот прстен дури по три месеци.

interesni-fakti-za-verenickiot-prsten-02

- Декември е најпопуларен период за купување на веренички прстен, а совршена прилика да ја запросите девојката се родендените, Денот на заљубените, Нова година, Божиќ и други празници.

- Мажите најчесто избираат едноставни прстени кои потсетуваат на бурми, со додаден дијамант. Белото злато и платината се најпопуларните материјали.

- Современите парови често пати заедно бираат прстен. Дури 60 проценти од жените се вклучени во изборот, додека само 3 проценти од мажите сами се решаваат да изберат.

- Парис Хилтон е девојката која го добила најскапиот веренички прстен вреден дури 4,7 милиони долари. Иако веридбата пропадна, не се сомневаме дека го задржала прстенот.

- Истражувањата покажале дека девојките често пати одбиваат веридба, само заради тоа што прстенот не им се допаѓа. Звучи екстремно, но девојките сакаат кога прстенот одговара на нивната личност и стилот кој го негуваат.

Би можело да ве интересира:

Многу улици немаат имиња и уште 7 луди факти за животот во Јапонија Повеќето Јапонци се опседнати со мајонез, многу улици низ градовите воопшто нема...
Вонбрачниот син го запознал на 7 години, неговата смрт ја опишува како најтешка во животот - Факти з... Австралискиот музичар Ник Кејв, вчеравечер (22 август) одржа концерт во Скопје и...
Депресија на 12 години, љубов со бугарски тенисер - Животот на Еиза Гонзалес, најубавата латино-акте... „Се сеќавам дека за многу проекти ми велеа: ‘Многу си убава за улогата'. Тоа е т...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п... Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg