Интересни факти за жените

Иако секоја жена е приказна за себе, некои научници се позанимавале со истражување на понежниот пол и дошле до одредени несекојдневни сознанија.

interesni-fakti-za-zenite-1

Дали дамите се комплицирани или не, проценете по читањето на овие факти:

- Кога е во прашање контрацепцијата, повеќе од 50 % жените се изјасниле дека сакаат нивните мажи да пијат контрацептивни пилули, ако такво нешто некогаш се измисли.

- Жените се поотпорни на болка и живеат подолго од мажите, иако мажите се физички посилни.

- Секоја дама има помеѓу 2 и 15 темни влакна околу брадавиците.

- Повеќе од два милиони жени имаат вградени силиконски импланти во градите, а просечна возраст на која се решаваат на ваков чекор е 34 години.

- Сигурно сте слушнале кога на некој трудница ќе и кажат дека сјае. Долго време се мислело дека тоа е заради тоа што е среќна, но подоцна  докажано дека тоа е заради фактот што на трудниците крвта побрзо им тече низ вените, а циркулацијата прави кожата вистински да сјае.

- Кога станува збор за плаќање на сметките, 33 % од жените сметаат дека тоа е обврска на мажот, а 38 % сакаат сметките да ги плаќаат наизменично.

- Едно истражување покажало дека повеќето девојки би сакале да направат коренити промени кај своите мажи.

- ПМС – от е најчест виновник за мрзата и нервозата. Но, врз расположението на жените влијае секој ден од циклусот. Бидејќи нивото на хормони постојано се менува, така е менува и нивниот изглед, енергија и чувствителност.

- Кога жената ќе доживее оргазам, мозокот за дел од секунда престанува да работи, како кога гасите компјутер. Делот од мозокот кој е поврзан со чувството на страв и потиштеност во тој момент е неактивен, тврди група холандски невролози.

- Жените – купохоличарки имаат помалку бори и се чувствуваат помлади од оние кои не купуваат често.

- Жените во просек поминуваат околу 48 часа и 51 минута годишно , пред излозите.

- Резултатите од едно истражување покажале дека паметните жени потешко доживуваат оргазам. Објаснување: тие постојано размислуваат и никогаш не се опуштаат до крај.

- Жените пијат помала количина алкохол од мажите, но многу почесто заболуваат од болести, кои се резултат на консумирање алкохол.

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
„Не си ти луда, само тој досега бил со здодевни жени“ и уште 15 кул цитати (во кои се пронајдов) „Само Chat GPT и ја знаеме како ми е“, „Сега се родив во држава без море и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg