Мора да се обидете, да паднете и повторно да се обидете
Мора да правите тешки работи. Оние што можеби никој друг не ги прави. Работи што ве плашат. Работи кои ве тераат да се прашате уште колку може да издржите.

Ваквите работи ве дефинираат и одликуваат. Овие работи ја истакнуваат разликата меѓу просечноста и успешноста.
Тешките работи се најлесни за избегнување.
Единствената вистина за тоа како обичните луѓе постигнуваат големи успеси е тоа што тие ги завршуваат тешките работи кои попаметните и поквалификуваните луѓе немаат храброст или мотив за да ги направат.
Ако сакате да успеете без разлика на препреките, мора да направите некои тешки работи:
- Мора да го остварите повикот од кој се плашите.
- Мора да се будите порано од она што би сакале.
- Мора да давате повеќе од она што очекувате да ви се врати.
- Мора да се грижите за другите повеќе од она што тие се грижат за вас.
- Мора да продолжите да се борите без разлика колку ви е тешко или сте повредени.
- Мора да бидете несигурни, дури и кога сигурните чекори се чинат попаметни.
- Мора да бидете лидери дури и кога никој не ве следи.

- Мора да инвестирате во себе дури и кога никој друг не го прави тоа.
- Мора да изгледате како лудак кога барате одговори кои ги немате.
- Мора да ги соопштите резултатите, дури и кога имате можност да се оправдате.
- Мора да барате свои објаснувања дури и кога треба да ги прифатите фактите.
- Мора да правите грешки и да изгледате како идиоти.
- Мора да се обидете, да паднете и повторно да се обидете.
- Мора да трчате побрзо дури и кога едвај дишете.
- Мора да бидете љубезни кон луѓето кои биле злобни кон вас.
- Мора да бидете одговорни за своите акции, дури и кога грешите.
- Мора да продолжите напред, да се движите кон целта, без разлика што има пред вас.

Би можело да ве интересира:
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното)
„Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ...
Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов...
„Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело
Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Во Кина има повеќе војници отколку во Македонија жители и уште 8 факти што не сте ги слушнале досега
Знаевте ли дека во Босна и Херцеговина се раѓаат едни од највисоките луѓе во све...
8 митови во кои веруваме уште од детството (и вистината зад нив)
Не смеете да влегувате во вода по бањање, Ајнштајн имал слаби оценки по математи...
