Не губете ги нервите за ситници!

Важно е да знаете дека некои работи не можат да се променат, некои работи е потребно да се прифатат. Залудно е да потрошите премногу време, енергија и труд за да направите нешто кое од самиот почеток ви испраќа негативни сигнали.

misli-koi-nikogas-ne-se-odminuvaat-ne-gi-gubete-nervite-za-sitnici-01

Понекогаш најдобро е да знаете кога да запрете, кога да продолжите и никогаш да не го пропуштате сегашниот момент.

Само сега може да делувате и да си повторите некои од најголемите мисли кои не се одминуваат:

Не ги губете нервите поради мали нешта  - сите мали работи се мали работи

Помирете се со своите несовршености – кога сте концентрирани на она што ви недостасува и она што не е во ред, незадоволни сте. Кога ќе ја елиминирате потребата за перфекција, ќе почнете да го откривате совршенството во животот.

Отфрлете ја идејата дека  љубезните, опуштени луѓе не можат да бидат многу успешни - стравот одзема големо количество енергија и ја отстранува креативноста и мотивацијата. Кога сте исплашени и збунети ги намалувате своите потенцијали и способности за уживање.

Бидете свесни за ефектот „лавина“ во вашето размислување – една мисла води кон друга, па трета и така до недоглед. Пробајте да го запрете ваквиот тек на мислите. Запишете го она на што сте се сетиле и продолжете да го работите она што сте го работеле.

Сочувствувајте – ако не можете да направите големи дела за Земјата, можете да правите мали но со многу љубов. Отворете го срцето за другите. Насмевнете им се на познаниците, донирајте во добротворни цели, посветете им време на блиските.

Кога ќе умрете, зад вас секако ќе останат недовршени работи – сè може да почека, сè она со кое се занимавате. Ако сте опседнати со тоа сите обврски да ги завршите, никогаш во целост нема да се чувствувате добро. Само ако се концентрирате на тоа што го правите во моментот, може да го завршите на време.

misli-koi-nikogas-ne-se-odminuvaat-ne-gi-gubete-nervite-za-sitnici-2

Не се вмешувајте додека зборува соговорникот и не ги завршувајте неговите реченици – луѓето околу вас на овој начин ќе бидат поопуштени, а и вие покрај нив.

Направете нешто убаво за некого и никому не кажувајте – не го намалувајте доброто внатрешно чувство со тоа што едно исто нешто ќе го раскажете на сите. Задржете го за себе и ќе почувствувате како се исполнувате со позитивна енергија.

Препуштете им ја славата на другите – кога некој ви се фали колку е добар или колку добро направил нешто, не се споредувајте  веднаш. Дозволете му да ужива во своите пофалби.

Научете да живеете во сегашноста – вежбајте да живеете во овој момент, бидејќи тоа е единственото време над кое имате контрола. Живеењето „овде“ и „сега“ повеќекратно ќе ви се исплати.

Први покажете љубов – кога не заборавате на својот бес, малите работи ги претворате во големи. Кога вашите ставови ви се поважни од вашата среќа, знајте дека не сте во право.

Дозволете си да се досaдувате – кога мирно седите, гледате низ прозорецот, потполно свесни за своите мисли и чувства, тогаш сте на вистинскиот третман за опуштње. Убавината во неработењето е тоа што умот е побистар, а вие одморени.

misli-koi-nikogas-ne-se-odminuvaat-ne-gi-gubete-nervite-za-sitnici-1

Би можело да ве интересира:

„Сакајте ја скромноста, таа ќе ви ги покрие сите гревови“ - Животни лекции од отец Мелентиј хиландар... „Оној кој е послаб од вас во добрите дела сметајте го за рамен на вас, а оној шт...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg