Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдобрите цитати на Џим Морисон

Џим Морисон беше американски поет, пејач, контроверзна личност, но тој исто така и голем филозоф. На почетокот на неговата кариера, тој бил неверојатно резервиран и срамежлив што често пеел со свртен грб кон публиката...

Najdobrite-citati-na-dzim-morison

Но, понатаму неговите настапи често воделе до немири. Тој својата страст ја трансформирал во свои стихови, своја поезија и свои размислувања.

Иако умре млад, на 27 години, Џим позади себе остави големо музичко и литературно наследство.

Ова се некои од најдобрите цитати на Џим Морисон:

1. Најважниот вид на слобода е да бидете она што навистина сте. Ја менувате вашата реалност за улога. Се откажувате од вашата способност да чувствувате, а во замена за тоа, ставате маска.

2. Блејк рече дека телото е затвор на душата, освен доколку сите пет сетила не се целосно развиени и отворени. Тој сетилата ги нарекувал "прозорци на душата."

3. Мислам дека во уметноста, особено во филмовите, луѓето се обидуваат да го потврдат своето постоење.

4. Музиката го разгорува темпераментот.

5. Секоја генерација бара нови симболи, нови луѓе, нови имиња. Тие сакаат да се „разведат“ од своите претходници.

6. Ако мојата поезија има цел да постигне нешто, тоа е да ги избави луѓето од ограничени начини на кои тие гледаат и чувствуваат.

7. Љубовта не може да ве спаси од вашата судбина.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ... „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...
За да го казнат го дадоа на Лејкерси, ја сака сопругата од 12 години - Животната приказна на Лука До... Фановите на Далас го обожаваат, но првите луѓе на клубот зад грб му договориле т...
Татко е на 5 деца, работел како модел - Се сеќавате ли на згодниот доктор Алекс Карев од Grey’s Anat... Кога ја доби улогата на Алекс Карев во хит серијата Grey’s Anatomy, актерот Џаст...
12 изреки во кои ќе се пронајдат сите родители кои биле на одмор со деца „Јавете им се на пријателите кои се вратиле од одмор со своите деца, едноставно ...
Детали од животот на Европјаните во минатото заради кои ќе бидете благодарни што сте родени во модер... Се бањале многу ретко, а освен богатите, останатите обично имале само едно парче...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg