За да го казнат го дадоа на Лејкерси, ја сака девојката од 12 години - Животната приказна на Лука Дончиќ

Фановите на Далас го обожаваат, но првите луѓе на клубот зад грб му договориле трансфер во Лос Анџелес. Поради него Nike ја стави песната „Мики Милане“ во реклама, а тој вели дека сака да биде фармер кога ќе се пензионира - Што знаеме за Лука Дончиќ?

za-da-go-kaznat-go-dadoa-na-lejkersi-ja-saka-soprugata-od-12-godini-zhivotnata-prikazna-na-luka-donchikj-01.jpg

Еден од најдобрите балкански кошаркари, Лука Дончиќ, го имаше нанјеочекуваниот трансфер во НБА лигата, откако неговиот матичен клуб Далас Маверикс го даде на Лос Анџелес Лејкерс, а оттаму го зедоа Ентони Дејвис.

Лука не бил ни свесен дека од клубот сакале да се „ослободат“ од него и размената со кошаркарот од Лејкерси била изненадување и за него.

До размената дошло бидејќи првите луѓе на Маверикс, наводно, биле загрижени дека откако неодамна се повреди, Лука се здебели толку многу (сега има 122kg) што не е во добра форма и веќе не може да го предводи тимот.

Дополнително, кружат гласини дека кошаркарот многу пие и не внимава на здравјето.

za-da-go-kaznat-go-dadoa-na-lejkersi-ja-saka-soprugata-od-12-godini-zhivotnata-prikazna-na-luka-donchikj-10.jpg

Од друга страна, тој живее за кошарката и неговата игра е и понатаму одлична.

Па така, преку ноќ, словенечкиот кошаркар од ѕвезда на Маверикс, стана играч кој ќе му биде сенка на Леброн Џејмс во Лејкерси.

Неговите фанови стравуваат дека ова ќе му ја уништи кариерата и дека Лука веќе никогаш нема да заигра во полн сјај, иако има само 25 години.

Но, во манир на вистински професионалец, Лука на Твитер се заблагодари за можноста што ја доби да игра во една од најголемите НБА екипи.

„Ова е неверојатна можност. Кошарката ми значи сè, и без оглед каде и да играм, тоа ќе го правам со иста радост, страст и цел - да освојувам титули“, напиша Дончиќ.

Што знаеме за популарниот кошаркар?

Роден е на 28 февруари 1999 година во Љубљана.

Мајка му е Словенка, Мирјам Потербин и има неколку салони за убавина, а татко му Саша е поранешен кошаркар и кошаркарски тренер, со словенечко-српско потекло.

Поради ова, Србија му понуди на младиот кошаркар да го носи нивниот дрес, но тој избра да игра за репрезентацијата на Словенија.

za-da-go-kaznat-go-dadoa-na-lejkersi-ja-saka-soprugata-od-12-godini-zhivotnata-prikazna-na-luka-donchikj-03.jpg

Според неговото семејство, Лука првпат допрел мини баскет кога бил седуммесечно бебе.

Плачењето до 1 година му го смирувале така што му давале да го фрла баскетот во мини кошаркарскиот обрач поставен како играчка во неговото креветче.

Како дете обожавал фудбал и сакал да тренира професионално, но поради висината (198cm) морал да се откаже.

za-da-go-kaznat-go-dadoa-na-lejkersi-ja-saka-soprugata-od-12-godini-zhivotnata-prikazna-na-luka-donchikj-02.jpg

Првите професионални кошаркарски тренинзи ги имал на 7 години во основното училиште.

Најчесто играл со деца од 10 години и скоро секогаш бил подобар од нив.

za-da-go-kaznat-go-dadoa-na-lejkersi-ja-saka-soprugata-od-12-godini-zhivotnata-prikazna-na-luka-donchikj-04.jpg

Му се восхитувал на грчкиот кошаркар Василис Спанулис.

Во негова чест го избрал дресот со бројот 7 кога потпишал договор за Реал Мадрид - неговиот прв голем кошаркарски трансфер.

За шпанскиот клуб потпиша 5-годишен договор на свои 13 години.

za-da-go-kaznat-go-dadoa-na-lejkersi-ja-saka-soprugata-od-12-godini-zhivotnata-prikazna-na-luka-donchikj-07.jpg

Од Реал, тој замина во НБА лигата, а првиот клуб му беше Далас Маверикс.

Таму, бројот 7 го замени со 77, и го носи до денес.

za-da-go-kaznat-go-dadoa-na-lejkersi-ja-saka-soprugata-od-12-godini-zhivotnata-prikazna-na-luka-donchikj-08_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

20 години беше во брак со Келвин Клајн, тој ја остави за млад дечко - Која е втората сопруга на модн... Кели почнала да работи во модната куќа на Келвин Клајн во 1981 година, и не поми...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
„Тој што знае да сака, не треба да прави ништо друго“ - Безвременски мисли за љубовта од Душко Радов... „Многу жени би можеле да сакаат многу и убаво, но немаат никого. Сите се преправ...
Ѝ раскина кога почна да се заљубува во неа - Љубовната приказна на Иванка Трамп и Џаред Кушнер „Кога ѝ раскинав на Иванка, таа ми рече дека тоа е најлошата одлука во мојот жив...

Најчитани неделава