Жан-Клод ван Дам бил доставувач, вртењето тесто е спортска дисциплина: 15 интересни факти поврзани со пица

Каде и да се наоѓате во светот, пицата останува еден од најомилените специјалитети. Но, колку знаете за неа?

vkusni-fakti-za-omilenata-pica-01.jpg

Без разлика каква ја сакате вашата пица, сигурно постојат факти кои не ги знаете, на пример како го добила името, од каде точно потекнува и што ја прави толку вкусна таа комбинација на тесто, сос и сирење?

1. Зборот „пица“ е стар илјадници години, а првиот запис датира од 997 година, во текст напишан на латински јазик, пронајден во јужните делови на Италија.

2. Александар Думас, авторот на „Тројцата мускетари“, за своето патување во Наполи напишал дека луѓето се многу сиромашни - летно време јадат лубеница, а во зима само пица.

vkusni-fakti-za-omilenata-pica-02.jpg

3. Во САД, во првите децении од 20-тиот век, пицата ја правеле и продавале само италијански имигранти.

4. Не се само луѓето оние кои обожаваат пица. Постои и пица за кучиња, направена од брашно, моркови, целер и пармезан, прилагодена за нивните дигестивни системи.

vkusni-fakti-za-omilenata-pica-04.jpg

5. Првата полуготова смрзната пица се појавила во продавница во САД во 1962 година.

6. Истата година е измислена и хавајската пица, во која има парчиња ананас. Прв ја направил Сем Панопулос, Грк кој имал пицерија во Канада.

vkusni-fakti-za-omilenata-pica-03.jpg

7. Иако потекнува од Италија, секоја држава ја адаптирала пицата на поднебјето. На пример, во Бразил ѝ додаваат грашок, а Французите пржено јајце на око.

8. Многу познати личности работеле во пицерии, меѓу кои и Стивен Болдвин и Бил Мареј во ресторани, а Жан-Клод ван Дам како доставувач на пици.

9. Во 2011 година е снимен филм за суперхеројот Пицамен, доставувач на пици кој своите моќи ги добива од генетски модифициран домат.

vkusni-fakti-za-omilenata-pica-05.jpg

10. Пиците помогнале да се фатат неколку криминалци. Во 2010 кога сериски убиец е идентификуван со помош на парче пица кое го гризнал, во 2008 кога доставувач фрлил жешка пица врз крадец, а во 2014 девојка на која ѝ провалил крадец, се преправила дека порачува пица кога пријавила во полиција. Таа ја кажала адресата за достава, а полицијата веднаш реагирала и го уапсила провалникот.

11. Мајсторите за пица имаат професионален речник кој самите си го разбираат, слично како и другите професии.

12. Постојат четири основни типови моцарела кои се користат за пица: моцарела од биволско млеко, моцарела од кравјо млеко, бурата или кремаста италијанска свежа моцарела и таканаречениот американски пица-кашкавал, кој се добива како продукт при производството на моцарела.

vkusni-fakti-za-omilenata-pica-06.jpg

13. Иако може да се направи со какво било сирење, научно е докажано дека моцарелата е најдобриот избор за пица.

14. „Вртењето“ на тестото во воздух за да се истегне е спортска дисциплина. Постојат дури и тимови кои се натпреваруваат во светскиот шампионат за пици.

15. Познатата легенда дека пицата маргарита била омилена на кралицата Маргарита од Савој е само маркетиншки трик за да се промовира токму овој вид пица.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сака да има деца, не крие дека е геј - Што знаеме за Џонатан Бејли, актерот избран за најсекси маж з... Кога ја доби улогата на лорд Антони во Bridgerton стана миленик на жените, но ги...
Љубовната приказна на Лили Колинс е поромантична од онаа на Емили во Париз - Кој е сопругот на актер... Љубовниот живот на Емили Купер во серијата Emily In Paris е хаотичен - таа е во ...
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М... Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Побегна од земјата во Valentino капут - Која е последната царица на Иран? На 29 години беше крунисана во царица на Иран, стана првата муслиманска жена кој...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава