Имал ресторан, глумел во ТВ сапуници: Работи кои не ги знаете за латино заводникот Рики Мартин
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Имал ресторан, глумел во ТВ сапуници: Работи кои не ги знаете за латино заводникот Рики Мартин

Пејач, композитор и актер уште од најмали години – Рики Мартин освен што важи за еден од најзгодните мажи, тој е и многу престижен уметник.

imal-restoran-glumel-vo-tv-sapunici-raboti-koi-ne-gi-znaete-za-latino-zavodnikot-riki-martin-01.jpg

Неговата кариера има достигнато високо ниво на интернационален план, а неговата заводничка страна им е омилена на многу жени на светот, и покрај тоа што е геј.

Пејачот е популарен и познат, но сепак постојат работи од неговиот живот за кој можеби не сте знаеле, а ќе ве заинтересираат.

Ако сакате да дознаете нешто повеќе за Рики Мартин, прочитајте неколку факти:

Иако славата ја стекнал во групата Menudo, тој прво бил одбиен

Детската група од Пуерто Рико била многу популарна помеѓу младите, а во 2984-та на 13-годишна возраст, Рики станал дел од неа.

Сепак, иако можеби го знаевте ова, сигурно не сте претпоставувале дека тој бил 3 пати претхондо одбиен, бидејќи бил многу низок за да биде дел од оваа група.

Бил актер во ТВ сапуници

Тој ја започнал кариерата како актер со појавувањето во неколку телевизиски реклами, но на 15-годишна возраст, дебитирал во добро познатата аргентинска серија „Por siempre amigos“.

Во 1991, тој бил дел и од мексиканската серија „Alcanzar una estrella“, а до 2003-та се има појавено во уште неколку серии.

Уметникот вели дека е благодарен на светот и на Мексико, бидејќи неговата слава почната оттаму.

Порториканецот има шпанско потекло

Пејачот побарал шпанско државјанство за да може да се омажи со претходниот партнер, Карлос Гонзалес. Барањето било одобрено во 2011, благодарение на неговата баба која имала шпански корени.

imal-restoran-glumel-vo-tv-sapunici-raboti-koi-ne-gi-znaete-za-latino-zavodnikot-riki-martin-02.jpg

Тој беше прогласен за Маж на годината во 2006

На Латино Греми наградите во 2006-та, тој ја доби наградата за Маж на годината, како заслуга за неговиот успех и неговите одлични дела.

imal-restoran-glumel-vo-tv-sapunici-raboti-koi-ne-gi-znaete-za-latino-zavodnikot-riki-martin-03.jpg

Има сопствена фондација која е непрофитабилна хуманитарна организација

Фондацијата Рики Мартин е основана од пејачот во 2002 и ја осудува трговијата со луѓе, ги штити правата на децата и на младите луѓе.

imal-restoran-glumel-vo-tv-sapunici-raboti-koi-ne-gi-znaete-za-latino-zavodnikot-riki-martin-04.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Лажно име на социјални мрежи, капетан во британска армија: Работи кои ... Принцот Хари целиот свој живот го живеел пред очите на јавноста – од моментот ко...
Историски настани кои создаваат збунувачка перцепција за времето Кога би ги ставиле некои настани на временска оска, ќе сфатиме дека нашата перце...
За инспирацијата, мајчинството и преземањето ризици: 10 мудри мисли од... Џ.К Роулинг уште кога бевме деца ни нудеше утеха, сила и инспирација преку гласо...