Земја на автомати и „распеани“ тоалети: Чудни и необични факти за Јапонија

Кога ќе отидете во Јапонија, ќе бидете воодушевени од дружељубивоста на тамошните жители, светлата во Токио и обединетоста на народот.

mnogu-avtomati-i-raspeani-toaleti-chudni-i-neobichni-fakti-za-japonija-01.jpg

Бидејќи Јапонија е како држава од друга планета, сигурно ќе ве интересираат овие интересни факти за неа.

Автомати

Во просек, за секоја личност во Јапонија има по 23 автомати. Овде можете да купите речиси сè од автомат – салата, долна облека, пица, па дури и јајца.

Автоматите се важен дел од културата на Јапонците, па се наоѓаат на секој чекор.

Коцкањето е нелегално

Во Јапонија нема да најдете место за обложување, но сепак постои игра која некако ја избегнала оваа забрана. Pachinko е популарна јапонска игра за којашто треба да купите мали метални топчиња кои се ставаат во слот машина.

Топчињата што ќе победат можат да бидат заменети со награди или чипови кои можат да бидат заменети за пари.

mnogu-avtomati-i-raspeani-toaleti-chudni-i-neobichni-fakti-za-japonija-02.jpg

Лажна храна

Пред речиси секој ресторан во Јапонија ќе најдете лажни реплики од храната што ја нуди. Лажната храна се купува од улицата Kappabashi и овде можете да најдете од прибор за јадење, па сè до лажна порција суши.

Долговечност

Јапонците имаат најдолг просечен животен век, најмногу поради нивната исхрана и животниот стил. Во просек, мажите живеат по 81, а жените 87 години.

Иако звучи добро, ова претставува проблем за државата – постои недостаток од новороденчиња. Денес во Јапонија има повеќе стари жители отколку деца, а ова е проблем за јапонската економија.

Знаевте ли дека во Јапонија се продаваат повеќе пелени за возрасни отколку за бебиња?

mnogu-avtomati-i-raspeani-toaleti-chudni-i-neobichni-fakti-za-japonija-03.jpg

Островска држава

Можеби мислите дека Јапонија е само еден остров, но неа ја сочинуваат дури 6.800 острови. Еден од најубавите јапонски острови е Окинава и овде ќе ги најдете најстарите луѓе на светот кои имаат 116 и 117 години.

Токио е лоциран на островот Хоншу, а останатите главни острови се Хокаидо, Шикоку и Кјушу.

„Шлапање“ за време на јадење

Можеби ние сме научени да не шлапаме додека јадеме, но во Јапонија важи друго правило. Шлапањето за време на јадење, особено нудли, покажува дека навистина уживате во храната.

mnogu-avtomati-i-raspeani-toaleti-chudni-i-neobichni-fakti-za-japonija-04.jpg

Морска храна

Јапонците јадат над 17 милиони тони риба годишно – повеќе од која било друга држава. Околу 20% од протеините во исхраната на Јапонците потекнуваат од морска храна.

Дремење на работа

Во Јапонија се поддржуваат дремките на работното место бидејќи тоа е знак дека вистински ѝ се посветувате на работата, па сте се измориле.

mnogu-avtomati-i-raspeani-toaleti-chudni-i-neobichni-fakti-za-japonija-05.jpg

Погледнете ги останатите факти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај... Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg