Цитати кои ја опишуваат најголемата движечка сила - љубовта

Љубовта е движечка сила која нѐ опкружува.

Citati-koi-ja-opishuvaat-najgolemata-dvizechka-sila-ljubovta 01 630x340.jpg

Најдобрите и најубавите работи на овој свет не можат да се видат, па дури ни да се слушнат, но затоа постои срцето, за да можат да се почувствуваат.

Негувајте и ширете ја љубовта во вашето срце, секој ден.

Во продолжение ви издвојуваме 20 прекрасни цитати кои продираат во смислата на љубовта:

1. „Најважната работа во животот е да научите како да ја пуштите љубовта да си замине и како да ѝ дозволите да влезе“.  - Мори Шварц

2. „Учиме да сакаме нешто и некого кога ќе сфатиме дека можеме да го изгубиме“.  - Гилберт К. Честертон

3. „Љубовта не препознава никакви бариери. Скока пречки, скока огради, продира низ sидови за да стигне на својата дестинација, полна со надеж“.  - Маја Ангелу

4. „Знаете дека е љубов кога сѐ што сакате е личноста да биде среќна, дури и ако не сте дел од нивната среќа“.  - Џулија Робертс

5. „Со допир на убовта, секој станува поет“.  - Платон

6. „Кога ќе се разбудите наутро, размислете за скапоцената привилегија да се биде жив - да дишете, да размислувате, да уживате, да сакате“.  - Марко Аврелиј

7. „Знаете дека сте заљубени кога не можете да заспиете затоа што реалноста е конечно подобра од вашите соништа“.  - д-р Сеус

8. „Незрелата љубов вели: Те сакам, затоа што ми требаш. Зрелата вели: Ми требаш, затоа што те сакам“.   - Ерих Фром

9. „Да се биде сакан од некого, ти дава сила, додека да сакаш некого силно, ти дава храброст“.  - Лао Цу

10. „Подобро да  љубиш и да изгубиш, отколку никогаш да не љубиш воопшто“.  - Ернест Хемингвеј

Citati-koi-ja-opishuvaat-najgolemata-dvizechka-sila-ljubovta 02 630x400.jpg

11. „Љубовта е подобар учител отколку должноста“.  - Алберт Ајнштајн

12. „Жената го знае лицето на мажот што го сака, онака како што морнарот го знае отвореното море“.  - Оноре де Балзак

13. „И на крајот, љубовта која ја земате е еднаква на љубовта којашто ја давате“.  - Пол Мекартни

14. „Да сакаш некого е како да видиш чудо кое е невидливо за другите“. - Франсоа Моријак

15. „Се раѓаме сами, живееме сами, умираме сами. Само преку нашата љубов и пријателство можеме да создадеме илузија дека всушност и не сме“.  - Орсон Велс

16. „Животот е цвет од кој љубовта е медот“.  - Виктор Иго

17. „Мажот секогаш сака да биде првата љубов на жената – онака како што жената сака да биде последната романса на мажот“. - Оскар Вајлд

18. „Љубовта смирува, како сонце после дождот“.  - Вилијам Шекспир

19. „Те сакам, не само за тоа што си, туку за она што сум кога сум со тебе. Те сакам не само за она што си го направил сам од себе, туку и за тоа што го правиш од мене. Те сакам за оној дел од мене, кој само ти знаеш да го изнесеш“  - Елизабет Барет Браунинг

20. „Би сакал да бегам од тебе, но ако не ме пронајдеш - ќе умрам“.  - Ширли Баси 

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
„Животот почнува во 30-ите, кога веќе не мора да барате изговори за себе“ - Инспиративни цитати од Џ... „Имам голема слабост – сакам да верувам дека секој човек има и добра страна“ - ц...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg