Заштитно лице на „BVLGARI“ и бунтовна феминистка - интересни факти за извонредната Токио од „La Casa De Papel“


Заштитно лице на „BVLGARI“ и бунтовна феминистка - интересни факти за извонредната Токио од „La Casa De Papel“

Шпанската ТВ серија „La Casa De Papel“ е дефинитивно една од најгледните серии на Netflix.

Zashtitno-lice-na-BVLGARI-i-buntovna-feministka-interesni-fakti-za-Ursula-Korbero-izvonrednata-Tokio-od-Casa-De-Papel 01 630x340.jpg

Првично било планирано оваа серија да има само две сезони, но поради енормната популарност, веќе сме во исчекување на четвртата, која ќе биде објавена на 3 април, на платформата Netflix.

Една од улогите за кои се крена голема прашина е младата Токио, борбена и бунтовна девојка, која за време на прецизно планираниот проект се вљубува во неодоливото момче по име Рио.

Зад улогата на овој женски лик стои Урсула Корберо, актерката која со улогата во оваа серија привлече големо внимание и придоби голем број на фанови ширум целиот свет.

Во продолжение ви претставуваме 10 интересни факти за оваа извонредна актерка:

1. Урсула Корберо е родена во Барселона во 1989 година, а се преселила во Мадрид во 2008 година, по добивањето на улогата во серијата „Física o Química“.

Zashtitno-lice-na-BVLGARI-i-buntovna-feministka-interesni-fakti-za-Ursula-Korbero-izvonrednata-Tokio-od-Casa-De-Papel 02 630x788.jpg

2. Урсула својата филмска кариера ја започнува уште од рана возраст.

Таа запливала во актерските води на свои 13 години, глумејќи во серијата „Ventdelplà“, која била одличен почеток за неа.

3. Освоила повеќе награди за серијата „Física o Química“, од која едната е Наградата за најдобра актерка.

Zashtitno-lice-na-BVLGARI-i-buntovna-feministka-interesni-fakti-za-Ursula-Korbero-izvonrednata-Tokio-od-Casa-De-Papel 03 630x788.jpg

4. Ако мислевте дека ликот на Токио е целосно креиран од страна на режисерите, се лажете.

Урсула вложила навистина многу напори, не само во нејзиното пронаоѓање во него, туку и во додавањето на нејзин личен печат.

Во едно од своите интервјуа, таа изјавува дека особена инспирација црпела од Натали Портман.

Zashtitno-lice-na-BVLGARI-i-buntovna-feministka-interesni-fakti-za-Ursula-Korbero-izvonrednata-Tokio-od-Casa-De-Papel 04 630x314.jpg

5. Корберо е љубител на животни, а оние кои ја познаваат велат дека таа е опседната со нив.

Овој факт лесно може да се забележи преку видеата и фотографиите кои таа ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил.

Zashtitno-lice-na-BVLGARI-i-buntovna-feministka-interesni-fakti-za-Ursula-Korbero-izvonrednata-Tokio-od-Casa-De-Papel 05 630x630.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Факти за Меланија Трамп: Течно зборува 5 јазици, но е единствената прва дама која позирала гола Соединетите Американски држави имаат нова прва дама, и таа меѓу другото има поте...
„Ѝ беше потребен херој, па стана тоа“: 8-ми Март и 11 цитати за славење на жената За жената се кажани прекрасни зборови... Кариеристка, мајка, сопруга – вистинска...
Волт Дизни ѝ дал акции на слугинката како бонус: 10 забавни приказни Во текот на историјата, во светот живееле многу лидери, пионери, мисленици, крал...

Најчитани неделава