Факти за човечкото тело за кои научниците немаат објаснување (прв дел)

Многу работи за човечкото тело ги земаме здраво за готово, без да знаеме колку всушност сме неверојатни.

fakti-za-coveckoto-telo-za-koi-naucnicite-nemaat-objasnuvanje-prv-del-001.jpg

Издвојуваме неколку факти кои до ден денес научниците ги тераат „да се почешаат по главата,“ не можејќи да дадат објаснување за нив:

1. Како некој може да издржи 20 минути без воздух?

Според научниците, само 30 до 180 секунди без воздух се потребни за човекот да ја изгуби свеста. По 3 минути, настануваат оштетувања на мозокот, а по 10 минути телото запаѓа во кома. По 15 минути, преживувањето е речиси невозможно.

Сепак, Будимир Буда Собат го срушил рекордот останувајќи под вода цели 24 минути и 33 секунди без да земе воздух. Единствената работа која ја направил пред да се нурне е тоа што дишел чист кислород неколку минути претходно.

fakti-za-coveckoto-telo-za-koi-naucnicite-nemaat-objasnuvanje-prv-del-01.jpg

2. Како некој може да остане буден 11 денови?

Во 1963-та година, 17-годишно момче по име Ренди Гарднер успеало да остане будно цели 11 дена и 25 минути. Константно бил активен играјќи кошарка, додека луѓето околу него постојано се труделе да остане буден.

Во текот на овие 11 денови, промени претрпеле неговите сетила за мирис и вкус, а биле забележани и проблеми со когнитивните способности.

fakti-za-coveckoto-telo-za-koi-naucnicite-nemaat-objasnuvanje-prv-del-02.jpg

3. Колку денови човек може да преживее ако е жеден?

Генералното правило е дека човекот не може да живее подолго од 3 дена без вода. Сепак, ова зависи од повеќе фактори како години, физичка активност и генерално здравствената состојба.

Но, во 1979-та година сите биле изненадени кога еден маж преживеал без вода 18 дена по ред. Бил чуван во затворска ќелија, каде комплетно заборавиле да му дадат храна и вода. Наводно, преживеал лижејќи ја кондензираната вода на ѕидовите од ќелијата во која бил затворен. Но сепак, ова е скоро занемарливо количество вода за толку долг период.

fakti-za-coveckoto-telo-za-koi-naucnicite-nemaat-objasnuvanje-prv-del-03.jpg

4. Зошто имаме доминантна рака?

Околу 85% од луѓето се раѓаат со доминантна десна рака. Но, никој нема објаснување зошто. Научниците веруваат дека веројатно гените имаат некакво влијание, но сè уште не го знаеме точниот одговор.

Дури ако се вратиме околу милион години наназад, се верува дека и повеќето наши предци природно биле деснаци, па со текот а времето скоро сите работи биле приспособувани за доминантна десна рака.

fakti-za-coveckoto-telo-za-koi-naucnicite-nemaat-objasnuvanje-prv-del-04.jpg

5. Зошто зеваме?

До неодамна, луѓето веруваа дека зевањето го полни мозокот со повеќе кислород, но и тоа се покажа како погрешно.

Едни теории велат дека кога зеваме, организмот се труди да се разбуди. Исто така, ја намалува температурата кога телото премногу ќе се загрее, но овие истражувања се спроведени само на мала група од 120 луѓе, па не се многу веродостојни.

Друга теорија вели дека зевањето е тесно поврзано со социјалната емпатија.

fakti-za-coveckoto-telo-za-koi-naucnicite-nemaat-objasnuvanje-prv-del-05.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани? „Сакам жени, хетеросексуалец сум, но не знам дали за 20 години од сега ќе ми се ...
12 цитати кои ќе ви дадат мотивација за успех (дури и кога сте на дното) „Кога паднав, не барав рака - барав причина да станам“ и уште 11 инспиративни ци...
Наполеон Бонапарта бил многу низок и уште 8 историски митови во кои веруваме сите, но не се воопшто ... Сликата „Мона Лиза“ се прославила пред нешто повеќе од еден век, само затоа што ...
Работела како келнерка, донира милијарди: Која е скромната прва сопруга на Џеф Безос? Според многумина, првата сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, треба да биде приме...
8 факти кои се доказ дека нема ништо почудно од човечкото тело Ако кивате кога гледате во сонце, тогаш сте наследиле генетска особина што ја не...
Љубовниот живот на последниот шах на Иран - Првата жена му избега, на втората ѝ го скрши срцето, со ... Последниот ирански шах, Мохамед Реза Пахлави во јавноста беше познат и како секс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg