Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Марфи секогаш нè следи

Колку пати ви се случило г-дин Марфи да е покрај вас? И кога мислите дека сè тргнало како што треба, ете гоооо... Ова се некои интересни закони кои не следат во животот.

marfi-ne-sledi-sekogas-01.jpg

Ќе се насмеете, но и ќе се сетите дека се повеќе од реални:

1. Оној што плаќа најмалку, најмногу приговара.

2. Ниеден вистински проблем нема решение.

3. Никој не ги забележува големите грешки.

4. Ненадејно добиеното слободно време секогаш се губи залудно.

5. Никој не слуша додека не направиш грешка.

6. Кога се обидуваш некому да му покажеш дека машината не работи, таа ќе проработи.

7. Подобро добар план денес, отколку совршен утре.

8. Јачината на чешањето е обратно пропорционална на можноста да го дофатиш местото кое те чеша.

9. Краен рок е една недела по планираниот краен рок.

10. Веројатноста лебот да падне од страната намачкана со путер е правопропорционална со цената на килимот.

11. Кесата која ќе се скине е онаа во која се јајцата.

12. За да добиеш кредит, мораш најнапред да докажеш дека не ти е потребен.

13. Да се греши е човечки, но за стварно да се заглави потребен е компјутер.

14. Смешкај се... Утре ке биде полошо.

15. Кој се двоуми веројатно е во право.

16. Глупакот и неговите пари обично победуваат на изборите.

17. Кога на политичар ќе му светне идеја, обично е лоша.

18. Кога некој нешто ќе испушти, тоа никој нема да го подигне, но затоа секој ќе го шутне.

19. Грам имиџ вреди кило вистински способности.

20. Штом некому направиш услуга, тоа ќе стане твоја работа.

21. Ништо не е толку мало за да неможе да се напумпа.

22. Додека дојдеш на ред правилата ќе се сменат.

23. Другата редица се движи побрзо.

24. Доколку нешто може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку.

25. Доколку нешто не може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку.

26. Доколку цела низа настани можат да тргнат наопаку, ќе тргнат наопаку по најлошиот можен ред.

27. Шансата секогаш се појавува во најнеповолниот момент.

28. 90% од сè е срање.

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Ги оставам луѓето кои не ме ценат - ја знам својата вредност“: Моќни цитати од легендарниот Ентони ... „Учам да не се срамам од моите емоции. Моите емоции ме прават маж“ - вели еден о...
Детали од животот на Европјаните во минатото заради кои ќе бидете благодарни што сте родени во модер... Се бањале многу ретко, а освен богатите, останатите обично имале само едно парче...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg