16 причини зошто Барбадос е рајот на Земјата, каде Ријана стана национален херој
Има неверојатни егзотични плажи, односно на Барбадос се најразновидните плажи на Карибите. Тука живеат луѓе со силен карактер, летечки риби и зелени мајмуни. Татковината на Ријана едноставно е рај на Земјата, а Ријана е прогласена за национален херој.
Светските медиуми пишуваат дека територијата на кралицата Елизабета се намали, односно дека карипската држава Барбадос се одвои од британското кралство и сега е република.
Но, што знаеме за оваа рајска карипска држава?
Се разбира, освен тоа дека Ријана потекнува оттаму и секогаш истакнува колку е горда на својата татовина. Инаку, откако Барбадос стана република Ријана е прогласена за национален херој.
Барбадос е островска земја во Средна Америка. Дел е од карипската островска група Западни Инди и источно од државата се наоѓа Атлантскиот Океан, додека западно се наоѓа Карипското Море.
Најблиски соседи на Барбадос се земјите Света Луција и Свети Винсент и Гренадините на запад, додека јужно се наоѓа Тринидад и Тобаго. Вкупната површина на Барбадос изнесува 430 километри квадратни каде живеат околу 284.589 жители.
Главен град на земјата е Бриџтаун, а службен јазик е англискиот јазик.
Факти за Барбадос:
Има неверојатни егзотични плажи – на Барбадос се најразновидните плажи на Карибите
Рај е за сурфери – сезоната е од ноември до јуни
Барбадос е „родното место“ на румот - Mount Gay Distilleries произведува рум од 1703 година, Mount Gay Rum е најстариот рум на светот
Има интересна историја со пиратски приказни – најозлогласени пирати биле Sam Lord и Stede Bonnet
Тоа е земја на летечките риби – постојат низа традиционални специјалитети со нив
Најголемата забава на Барбадос е „Crop Over“ фестивалот – многу славни личности ја посетуваат земјата за овој настан, чии активности започнуваат од јуни и траат до првиот понеделник од август, а многу луѓе носат костими и забавите траат до рано наутро
Локалците себеси се нарекуваат „Bajans“ – тоа значи дека се познати како луѓе со карактер и екстремно патриотски настроени
Многумина живеат во мали дрвени куќи, кои може да се поместуваат – тоа е стара традиција на Барбадос
Уште 8 факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:





