Може да имаат различни татковци и различни родендени – Интересни факти за близнаците што можеби не сте ги знаеле
-->
Двојајчените близнаци може да имаат различни татковци, а најголемата забележана разлика во раѓањето помеѓу двајца близнаци е 90 дена. Прочитајте неколку интересни факти за близнаците што можеби не сте ги знаеле.
Дечињата близнаци секогаш привлекуваат големо внимание кај околината. Луѓето обично љубопитно ги гледаат дечињата близнаци, а за нив се врзуваат повеќе митови и факти.
-->
Во продолжение проследете неколку интересни факти за близнаците што можеби не сте ги знаеле:
Се верува дека близнаците почнуваат да комуницираат меѓу себе во утробата уште во 14-тата недела од бременоста.
Во речиси 25 отсто од случаите идентичните близнаци се „огледални близнаци“ или се совршена рефлексија еден на друг. На пример, ако едниот има бемка под левото око, другиот ќе има бемка под десното око.
Додека за сите останати идентичните близнаци може да делуваат збунувачки, според студија од 2005-та година докажано е дека кучињата лесно можат да ги разликуваат според мирисот, иако живеат во ист дом и ја консумираат истата храна.
Идентичните близнаци имаат исти родендени, приближно иста ДНК, но немаат исти отпечатоци на прсти. Иако во голема мера отпечатоците може да бидат слични, сепак лесно може да се разликуваат едни од други.
-->
-->
Близнаците што се раѓаат со различен пол секогаш се двојајчени, односно се зачнати во две различни јајце клетки со два различни сперматозоиди. Идентичните близнаци секогаш се раѓаат во ист пол.
-->
Уште пет факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите
Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни
Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат)
Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Во Лихтенштајн нема сиромаштија, во Ватикан не смеете да имате гости по полноќ: Забавни факти за нај...
Во Ватикан нема барови и ноќни клубови, но цените во продавниците се околу 25% п...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд
Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...