Некои пијавици имаат 32 мозоци и уште 9 забавни факти што ќе ве изненадат

Знаевте ли дека можете да го спасите забот кој ви паднал поради удар или некоја повреда ако веднаш го ставите во чаша млеко?

nekoi-pijavici-imaat-32-mozoci-i-ushte-9-zabavni-fakti-01.jpg

Дури и ако мислите дека знаете многу работи, секогаш има простор да научите нешто ново. Бидејќи, сепак, треба да учиме целиот живот и постојано да го надградуваме нашето знаење.

Ако денес сте расположени да научите нешто ново, сигурно ќе ви се допаднат следниве забавни факти:

Близнаците можат да се родат и со 87 дена разлика, но ова се има случено само еднаш.

Станува збор за Кејти и Ејми – две девојчиња од Шкотска. Нивната мајка го родила првото девојче три месеци пред планираниот датум, а нејзината сестра-близначка се родила 87 денови подоцна.

nekoi-pijavici-imaat-32-mozoci-i-ushte-9-zabavni-fakti-02.jpg

Плунката е клучна за нормално работење на нашето сетило за вкус, па ако си го избришете и исушите јазикот, нема да чувствувате речиси никаков вкус.

nekoi-pijavici-imaat-32-mozoci-i-ushte-9-zabavni-fakti-03.jpg

Мозокот на џиновската лигна има форма на крофна. Нејзиниот хранопровод, пак, минува низ дупката на „крофната“.

nekoi-pijavici-imaat-32-mozoci-i-ushte-9-zabavni-fakti-04.jpg

Белите точки што некогаш ги гледаме, особено кога гледаме кон нешто со светла боја, како небо, се всушност микроскопски влакна колаген собрани на купче. Тие се безопасни, а ги гледаме бидејќи се движат низ нашето око.

nekoi-pijavici-imaat-32-mozoci-i-ushte-9-zabavni-fakti-05.jpg

Морските ѕвезди немаат крв. Наместо тоа, имаат систем од вид вени и артерии кој пумпа морска вода со цел да разнесува хранливи материи низ нивното тело. Исто така, морските ѕвезди немаат ни мозок.

nekoi-pijavici-imaat-32-mozoci-i-ushte-9-zabavni-fakti-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
„Мојот живот не беше тежок, туку авантура“ - Инспиративни цитати од Тина Тарнер што ќе ве мотивираат „Никогаш не сум велела: ‘Немам ова или немам она’. Секогаш велев: ‘сѐ уште го не...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубат...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg