24 факти за комплицираниот однос на кралицата Елизабета и нејзиниот син Чарлс, кој ја наследи на тронот

Имало некоја природна тензија помеѓу мајката и синот околу деликатниот факт дека тој ќе го наследи тронот само ако таа се откаже од круната или по нејзината смрт и наводно тој некогаш знаел да каже: „Зошто таа не абдицира?“

24-fakti-za-kompliciraniot-odnos-na-kralicata-elizabeta-i-nejziniot-sin-charls-koj-ja-nasledi-na-tronot-01.jpg

Кралицата Елизабета уште во февруари месец изјави дека нејзина искрена желба е кога принцот Чарлс ќе стане крал, неговата сопруга Камила да стане кралица придружничка, а во тој миг кралскиот пар објави дека се трогнати и почестени од потегот на кралицата.

Таа конечно со тоа му даде благослов за изборот на животна сопатничка и конечно покажа доверба во него како наследник на тронот.

Сега, по смртта на кралицата, Чарлс е крал.

Но, според пишувањата на британските медиуми нивниот однос не бил секогаш ваков.

Факти за односот на кралицата Елизабета и нејзиниот син Чарлс, кој ја наследи на тронот:

Кралицата Елизабета и нејзиниот сопруг, принцот Филип, често мислеле дека нивниот син Чарлс, кој е романтичен и чувствителен по природа, го губи фокусот.

24-fakti-za-kompliciraniot-odnos-na-kralicata-elizabeta-i-nejziniot-sin-charls-koj-ja-nasledi-na-tronot-12.jpg

Тој бил роден во ноември 1948 година и кралицата инсистирала да биде породена во нејзината соба, меѓу работите кои веќе ѝ се блиски и познати.

24-fakti-za-kompliciraniot-odnos-na-kralicata-elizabeta-i-nejziniot-sin-charls-koj-ja-nasledi-na-tronot-18.jpg

Таа го доела Чарлс два месеци, тој како бебе спиел во соба покрај нејзината, а во една пригода изјавила: „Јас ќе му бидам мајка, а не дадилките“.

24-fakti-za-kompliciraniot-odnos-na-kralicata-elizabeta-i-nejziniot-sin-charls-koj-ja-nasledi-na-tronot-15.jpg

Но, нејзините планови биле променети кога таа 4 години подоцна, на само 25 години во 1952 година, го наследила тронот, а нејзиниот биограф тврди дека тогаш ѝ се променил ритамот на функционирање и како треба да изгледа едно „нормално семејство“.

24-fakti-za-kompliciraniot-odnos-na-kralicata-elizabeta-i-nejziniot-sin-charls-koj-ja-nasledi-na-tronot-14.jpg

Во густиот распоред на обврски кралицата секогаш издвојувала време да го учи Чарлс да јава коњ, како и да го види по појадокот и чајот.

24-fakti-za-kompliciraniot-odnos-na-kralicata-elizabeta-i-nejziniot-sin-charls-koj-ja-nasledi-na-tronot-19.jpeg

Во тој период, на моменти мајка му за него била далечна и гламурозна фигура, која доаѓала да го бакне пред спиење, мирисајќи на лаванда и облечена официјално.

24-fakti-za-kompliciraniot-odnos-na-kralicata-elizabeta-i-nejziniot-sin-charls-koj-ja-nasledi-na-tronot-20.jpg

Тој дури ја одвлекувал неговата сестра, принцезата Ана, кога таа сакала да биде со кралицата Елизабета и ѝ објаснувал „Ана, не смееш да ѝ додеваш на мама. Таа е зафатена, таа е кралица.“

24-fakti-za-kompliciraniot-odnos-na-kralicata-elizabeta-i-nejziniot-sin-charls-koj-ja-nasledi-na-tronot-16.jpg

Во 1953 година, новокрунисаната Елизабета со принцот Филип морала да појде на 6-месечна турнеја и да ги остави Чарлс и Ана, таа плачела дека мора да ги остави своите мали деца, но го направила тоа.

24-fakti-za-kompliciraniot-odnos-na-kralicata-elizabeta-i-nejziniot-sin-charls-koj-ja-nasledi-na-tronot-25.jpg

Уште 8 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Некои пијавици имаат 32 мозоци и уште 9 забавни факти што ќе ве изненадат Знаевте ли дека можете да го спасите забот кој ви паднал поради удар или некоја ...
Тажната приказна на втората љубовница на Чарлс, што сите ја заборавија - била опседната со него, не ... Ако Камила знаела да биде дискретна за аферата, Дејл Тајрон Канга сакала насекад...
Се „нафрлил“ врз неа по првата средба, сакала да ја откаже свадбата - Помалку познати детали од врск... Се запознале кога таа имала само 16 години, а нејзината сестра рекла дека не би ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg