Цитати од Зигмунд Фројд што ќе ви помогнат да станете посилна личност

„Најважното прашање што никогаш не е одговорено, а ниту јас самиот не сум успеал да го одговорам и по 30 години истражување на женската душа е: ‘Што сакаат жените?’“ – рекол таткото на модерната психоанализа Зигмунд Фројд.

silata-proizleguva-od-slabostite-citati-od-zigmund-frojd-shto-kje-vi-pomognat-da-stanete-pocvrsta-lichnost-01.jpg

Познат е како татко на модерната психоанализа, а пишувал за голем број теми. Несвесното, религијата, соништата, сексуалниот развој, стремежот на човекот кон животот и смртта се само дел од темите што се опфатени во големиот број негови книги.

Најчесто тој ги потенцира фактите што речиси сите ги знаеме, но не сакаме да ги слушнеме.

Во овој контекст издвојуваме 15 негови цитати што ќе ви помогнат да станете поцврста и посилна личност:

1. Никогаш не сме побеспомошни од тогаш кога сме вљубени.

2. Од вашите слабости ќе произлезе вашата сила.

3. Тој што има очи за да гледа и уши за да слуша може да се убеди себеси дека ниту еден смртник не може да скрие тајна. Ако неговите усни се затворени, ќе гестикулира со прстите; предавството се забележува од секоја негова пора.

4. Не е возможно да не се забележи дека луѓето вообичаено користат погрешни стандарди за мерка – бараат моќ, успех и богатство за себеси и им се восхитуваат на другите што го поседуваат тоа, а го потценуваат она што е вистински вредно во животот.

5. Тој што сака станува поскромен, затоа што саканиот му одзема дел од нарцисоидноста.

6. Цивилизацијата почнала во оној миг кога првиот човек одлучил да возврати со навреда, наместо со камен.

7. Најважното прашање што никогаш не е одговорено, а ниту јас самиот не сум успеал да го одговорам и по 30 години истражување на женската душа е: „Што сакаат жените?“.

8. Човекот што бил апсолутен миленик на својата мајка, целиот живот ќе се чувствува како освојувач.

9. Неискажаните емоции никогаш не умираат. Тие се закопани живи и ќе испливаат подоцна кога годините ќе бидат погрозни.

10. Од грешка во грешка, може да се осознае целата вистина.

11. Еден ден во иднина, годините во кои сте страдале ќе ви се чинат како најубави.

12. Човекот не треба да се стреми да се ослободи од комплексите, туку да се прилагоди на нив; во основа тие го одредуваат неговиот поглед кон светот.

13. Доблесниот човек се задоволува со тоа што сонува за она што злобниот го прави во вистинскиот живот.

14. Умот верува во малите работи, а срцето во големите.

15. Луѓето не сакаат слобода, затоа што слободата вклучува одговорност, а најголемиот број луѓе се плашат од одговорност.

Прочитајте и „Првиот знак на човечката глупавост е целосниот недостаток на срам“ – Мудри мисли од Фројд за животот, љубовта и сексот

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Оние што длабоко сакаат, никогаш не стареат“ – Најубавите цитати на Жарко Лаушевиќ „Ако луѓето те критикуваат, те понижуваат, викаат по тебе... Само сети се дека в...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
9 факти за женското тело што звучат нереално Жените имаат посилно сетило за мирис и имаат поголеми шанси да преживеат сериозн...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...
Жените си ги разменувале со пријателите, јаделе супа од крв: Факти за Чукчите Мажите оделе кај своите пријатели за да си ги разменат жените, децата се сметале...
Отровни фустани, црни заби: Бизарни трендови за убавина од минатото Славните личности, кои се главните трендсетери во светот на модата, неретко знаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg