Сама си го бирала автомобилот за ковчегот, ја испрати гајдаџијата кој наутро ја будел – Детали од погребот на кралицата кои никој не ги забележа
Ковчегот беше прекриен со симболични предмети: кралската круна, скептар кој ја претставува моќта на монархот во секуларното владеење и глобусот што ја претставува нејзината моќ во христијанскиот свет.

Пред да го спуштат ковчгот под капелата St. George од него беа тргнати предметите, со што и официјално беше означен крајот на владеењето на кралицата Елизабета.

Химните што се пееја за време на погребот симболизираа по еден дел од нејзиниот живот. На барање на кралицата, службата беше завршена со настап на кралскиот гајдаџија, кој секое утро ја будел додека таа престојувала во Балморал.

На еден од свештениците му падна ливче хартија во близина на ковчегот на кралицата. Моментот масовно се споделува на социјалните мрежи со хаштагот #PaperGate.
Кралот Чарлс Трети седеше на истото столче каде што седеше неговата мајка за време на погребот на принцот Филип.

Претседателот на САД, Џо Бајден беше единствениот светски лидер, кому му беше дозволено да пристигне на погребот на кралицата во сопствено возило.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
За мајка ѝ велат дека е трансродово лице, очувот ѝ е помлад од сестра ѝ - Која е ќерката на Брижит М...
Таа е адвокатка, авторка на книга и телевизиска личност, со репутација на жена с...
Тажниот живот на Џеки Кенеди: Стана вдовица на 34 години, роди мртво дете, вториот сопруг јавно ја п...
Убиството на Џон Ф. Кенеди не е единствената трагедија во животот на Џеки Кенеди...