Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 предлог филмови за овој викенд

5-predlog-filmovi-za-ovoj-vikend-povekjeАко сте љубител на биографски филмови, ве интересира историја или пак интересни инспиративни приказни ви предлагаме да ги погледнете...


... овие 5 филмови. Поради конкуренцијата од порекламирани, покомерцијални филмови овие пет останале незабележани од публиката, но во себе имаат скриена убавина.

The Young Victoria (2009)

5-predlog-filmovi-za-ovoj-vikend-2

Викторија е една од највлијателните кралици во историјата.

Овој биографски филм раскажува за нејзиното придушено детство, крунисувањето на 18 години, проблемите на тронот и нејзината романса со Принц Алберт.

Можете да очекувате се што обично има во ваквите историски филмови, прекрасна сценографија, богати костуми, интересни дијалози.

Интересно е да се напомене дека филмот се движи многу блиску до вистинските случувања.

Централното дејство сепак би било романсата со Принц Алберт од Белгија, кој и е прв братучед, и е испратен на задача да ја заведе младата Викторија, како би се зацврстиле односите меѓу двете држави.

Но, вистината е дека Алберт вистински ќе се заљуби. Останува на Викторија дали ќе верува во неговите чувства.

Режија: Жан-Марк Вале

Улоги: Емили Блант (Викторија), Руперт Фриенд (Алберт)


Control (2007)

5-predlog-filmovi-za-ovoj-vikend-1

Филм за Иан Куртис, мистериозниот пеајч на Joy Division, кој го смени текот на модерната музика, но не доживеа да ја сведочи промената што ја донесе неговото животно дело.

Дејствието е во 70тите години кога пост панк бранот почна да се шири низ Англија.

Како предвесници на ова движење се формираше бендот наречен Warsaw, кој подоцна се преименува во Јоy Division.

Филмот ги опишува нивните скромни почетоци и снимањето на албумот Unknown Pleasures, кој ќе остане запаметен во музичката индустрија како ремек дело.

Но, и покрај успесите со бендот, менталното и физичкото здравје на Куртис се распаѓа поради постојаната борба со епилепсија и љубовната афера.

Растргнат меѓу двете жени што ги љуби, тој се самоубива.

Филмот ни ги носи песните на Joy Division прекрасно распределени низ филмот, и преку нив можеме да ја следиме емотивната состојба на оваа музична икона.

Режија: Антон Корбјин

Улоги: Сем Рајли (Иан Куртис) Саманта Мортон (сопругата на Иан)


Kinsey (2004)

5-predlog-filmovi-za-ovoj-vikend-3

Алфред Кинси е професор кој покажува особен интерест областа на човечкото однесување, особено делот за човечката сексуалност.

Во време кога тоа било табу тема, Кинси прави истражување низ цела Америка за да ја открие вистината за сексуалните практики во денешницата.

Неговите книги биле скандалозни, но и најпродавани.

Тој е меѓу првите научници во тоа поле, и контроверзноста на неговите истражувања ја заплашила јавноста, (тој отворено зборува за предбрачен секс, хомосексуалност, самозадоволување, сексуални фетиши и сл).

Вреди да се погледне ако ве интересираат контроверзни теми.

Режија: Бил Кондон

Улоги: Лиам Нисон (Кинси), Лаура Лини (Клара, сопругата на Кинси)


The Motorcycle Diaries (2004)

5-predlog-filmovi-za-ovoj-vikend-4

Дневникот на моторџијата е биографски филм кој ја следи младоста на Ернесто Че Гевара.

Тој како 23 годишен студент по медицина во 1952 година, заедно со неговиот пријател Алберто Гранадо патуваат низ Јужна Америка на мотор.

Во текот на патувањето тие водат дневник и според тие записи е снимен филмот.

Овој квази документарец и сниман на идентичните локации и многу од статистите се вистински луѓе, а не глумци.

Како што го започнуваат патувањето, младите момци созреваат и нивните погледи кон светот се прошируваат се повеќе и повеќе.

Овој е прекрасен биографски филм кој ни кажува како Че Гевара станал иконата што е денес, но не очекувајте планови за револуција или политика. Овој филм само ги пренесува околностите во Јужна Америка во тоа лето и созревањето на Че Гевара.

Режија: Валтер Салес

Улоги: Гаел Гарсија Бернал (Ернесто Че Гевара), Родриго Де ла Серна ( Алберто Гранадо)


Into the Wild (2007)

5-predlog-filmovi-za-ovoj-vikend-5

Овој филм се издвојува од било кој биографски филм што досега е направен.

Филмот започнува бавно, но тоа значи дека ви остава повеќе време да уживате во природните убавини на Америка. Крис се чуствува притиснат од светот во кој живее, како врвен студент и атлетичар, од него се очекуваат многу работи, но тоа не го прави среќен.

Секој човек во некој период од својот живот чувстува потреба да избега од сè, да ги напушти сите и да не се врати. Крис го прави точно тоа за кое ние само може да сонуваме, решава да го живее животот како што тој сака.

Но, дали тоа е правилната одлука? Преку пејсажите на Аризона, Калифорнија, Мексико и Алјаска, ние гледаме како Крис созрева и се менува, како луѓето на патот го менуваат и како тој ги менува нивните животи.

Филмот ќе ве растажи, и ќе ви се вреже во меморија.

Режија: Шон Пен

Улоги: Емил Хиршт (Крис)

Подготвил: И.Т.

Би можело да ве интересира:

Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...
9 навики на луѓето кои ги почитуваат сите, според психологијата Не откажуваат планови во последен момент, скромни се и размислуваат пред да кажа...
Џуџесто смртоносно животно и уште 10 чудни фотографии од секојдневието Mедузата позната како „Malo kingi“, има смртоносен отров. Има големина колку мон...
16 уникатни луѓе кои можат да направат незамисливи работи со телото (фото) „Јас сум тип со 4 прсти на едната рака“, „На ниеден прст на рацете немам ср...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Грешки поради кои другите не ве почитуваат и не ве ценат доволно Извинувајте се по потреба, кога ќе сфатите дека сте направиле нешто на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg