Како да познаете дали купувате копија или оригинал од познатите брендови?

Guess часовник

Ако бојата на ремчето е нерамномерна, ако е испукано, изгребано или мириса лошо, ова е знак дека станува збор за копија.

На задниот дел од часовникот е втиснато логото, како и земјата на потекло.

Ако пишува Made in China, тогаш станува збор за копија.

На оригиналните часовници се втиснати буквите Japan MOV'T.

kako-da-poznaete-dali-kupuvate-kopija-ili-original-od-poznatite-brendovi-05.jpg

Michael Kors чанти

Декларацијата со цената треба да има беж боја и на неа се наоѓаат основни информации за чантата, како боја, материјал, цена и баркод.

На сите додатоци на чантата треба да биде изгравирано логото на бендот.

Чантите се издржливи, што значи ја задржуваат формата и на нив не треба да има гребаници и слично.

kako-da-poznaete-dali-kupuvate-kopija-ili-original-od-poznatite-brendovi-06.jpg

Burberry шал

Оригиналните шалови секогаш се дебели и од пријатен материјал. Ако материјалот е крут или многу тенок, тогаш станува збор за копија.

Ресите на шалот се квалитетно изработени и не се разресуваат ако ги допирате.

На етикетата, името на брендот треба да биде испишано уредно. Обично на неа има и земја на потекло и материјал од којшто е изработен шалот.

kako-da-poznaete-dali-kupuvate-kopija-ili-original-od-poznatite-brendovi-07.jpg

Ray Ban очила за сонце

Логото на очила е изгравирано. Ова значи дека не може да се избрише или одлепи.

Детаљот над леќите не изгледа како да е залепен на рамките, туку како да е дел од нив.

kako-da-poznaete-dali-kupuvate-kopija-ili-original-od-poznatite-brendovi-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Грешки што ги прават родителите кога купуваат облека и прибор за новата учебна година Тесни панталони, џемпери со тесни јаки, прибор кој детето нема ни да го користи ...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава