Бон-тон грешки заради кои делувате како некултурна личност
Давате комплименти што може да бидат сфатени погрешно
Комплиментите „изгледаш одлично за годините“, или „многу си слатка“ може да бидат сфатени погрешно.
Затоа, најдобро е да се воздржите од комплименти поврзани со изгледот, дури и кога сметате дека личноста ќе биде благодарна ако ги слушне.
Ги оставате корпите на касата во маркет
Културните луѓе секогаш ги враќаат корпите на своето место. Некултурните ги оставаат на каса за вработените да си ги соберат, без обѕир дека така им оставаат непотребна дополнителна работа.
Среде наплата се тргате од каса да доземете уште нешто
На сите ни се случило веќе кога сме на каса да заборавиме дека сме купиле нешто.
Некултурните луѓе „ќе претрчаат“ назад да доземат што им треба, без обѕир кон другите што чекаат, а културните луѓе ќе завршат со наплата, а потоа ќе се вратат назад без да се жалат дека повторно треба да чекаат ред.
Барате да ви го вратат садот во кој некому сте му однеле храна
Културните луѓе сметаат дека садот во којшто сте им ја однеле храната е дел од подарокот и не го враќаат назад.
Затоа не ја пакувајте храната во садови што ви се драги и од кои не можете да се одвоите.
Озборување
Сите знаат дека ширењето гласини и озборувања не е културно. Иако некогаш може да биде тешко да го задржите сопственото мислење за некого, најдобро е воопшто да не се вклучувате во дискусии или само да ја промените темата.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





