Банани во чоколадо

banani-vo-cokolado-povekjeОвошјето и чоколадото се одлични сојузници и може да ви помогнат да ја разубавите романтичната вечера или едноставно да ги израдувате...


...најблиските со интересен, а едноставен десерт.

Ако уживате во овошје со чоколадна обвивка не треба да очајувате што не е сезона на јагоди. Бананите се еднакво блиски пријатели со сите видови чоколадо :)

- Растопете 200-250 грама чоколадо за готвење, по желба додадете и лажица-две млеко. Најдобро е да го топите на пареа ставајќи го металниот сад со чоколадо над тенџерче со врела вода.

- Исечете ги бананите на половинки или третинки.

- Вметнете (дрвено или пластично) стапче во секое парче банана и тркалајте го овошјето во чоколадото додека сосема не се покрие.

banani-vo-cokolado-1

banani-vo-cokolado-2

- Посипете ја секоја банана со ситно сецкани ореви, лешници, бадеми, кокос или мрвици. По желба може да користите бело чоколадо или да додадете уште некоја арома во растопеното чоколадо.

banani-vo-cokolado-3

banani-vo-cokolado-4

Наредете ги на чинија обложена со масна хартија и оставете ги да се оладат во фрижидер најмалку 20 минути.

Во фрижидер може да се чуваат и неколку дена.

За поситни парченца може да користите чепкалки, а за подолги стапчиња за ражничи.

Би можело да ве интересира:

Брчки, здебелени, со седа коса - Како би изгледале денес починатите познати личности? Мерилин Монро, Витни Хјустон, Робин Вилијамс - малку бизарна, но интересна можно...
10 супер трикови од интернет со кои ќе ги „спасите“ облеката и чевлите Што треба да правите кога ќе ви се расипе патентот на омилените фармерки? Или ак...
На 4 години била киднапирана и оставена во шума, па за неа се грижеле мајмуни: Лудата приказна на Ма... Марина Чапман која живее во Англија тврди дека на 4-годишна возраст била киднапи...
Низ илустрации: 12 докази дека помладите генерации се како од друга галаксија Купувањето онлајн станува попопуларно од пазарењето во продавница, а и барањето ...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
Медицинска сестра одговара на прашања за смртта - Дали сме свесни, дали боли? „Какво е чувството во моментот кога настапува смртта? Дали знаеме?“. Колку да не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg