Првото селфи на друга планета и уште 7 значајни фотографии што го променија светот
Знаете ли кога е објавена првата фотографија на интернет? А, сте ја виделе ли првата фотографија, поточно рендгенска снимка од ДНК?
Ако сте како повеќето, во телефонот сигурно имате илјадници фотографии и веројатно ни самите не знаете од што.
Можеби мнозинството фотографии што ги правиме ни се важни само нам, но низ годините се направени и бројни мошне значајни фотографи, од кои дел го промениле и човештвото.
Осум од најзначајните фотографии направени досега:
Првата фотографија објавена на интернет
Најпрво, кратка историја на интернетот.
Првата интернет мрежа била позната како ARPANET и била создадена во 1960-тите, како дел од проект на САД со кој ќе се поврзат повеќе компјутери за безбедна комуникација.
Потоа, во 1980-тите, инженерот Тим Бернерс Ли ја усовршил оваа мрежа со цел полесна комуникација меѓу колегите во CERN и практично го измислил модерниот интернет.
Во 1992 година, тој сакал да покаже дека оваа мрежа може да поддржува и слики, не само текст, па ја споделил првата фотографија на интернет.
На фотографијата се гледаат четири жени кои работеле во CERN, а фотографијата е фотошопирана за да изгледаат како измислен бенд со име Les Horribles Cernettes.
Првиот лет со авион
Првиот успешен лет со авион на браќата Рајт се случил на 17-ти декември 1903 година во Северна Каролина, а историскиот миг е овековечен и на фотографија.
Авионот, кој го носел името Flyer I, лета едвај еден метар над земјата, a со него управува Орвил Рајт, додека брат му Вилбур го следи од земјата.
Изгревот на Земјата од Месечината
Направена во 1968 година од страна на астронаутот Вилијам Андерс, ова е најпознатата фотографија од нашата планета.
Вилијам Андерс ја направил фотографијата за време на мисијата Apollo 8 – првиот лет со екипаж околу Месечината.
Првата фотографија од ДНК
Првата фотографија од ДНК, позната како Photograph 51, е всушност рендгенска снимка која била клучна за откривањето на структурата на ДНК.
Направена е во далечната 1952 година, од страна на Розалинд Франклин која работела како биофизичар на Кралскиот колеџ Лондон.
Со помош на снимката, други двајца научници успеале да утврдат дека ДНК има форма на двојна спирала, додека уделот на Розалинд Франклин бил целосно игнориран со години.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





