„Ослабев 50kg со Оземпик - кога престанав да го користам, си ги вратив килограмите за 4 месеци“

„Водам постојана битка и сум многу потешка отколку што би сакала. Сакав повторно да користам Mounjaro, но поради зголемената цена, знам дека ова не е долгорочно решение“, вели Рози.

f9643c29b67ffd214fd3f93995b5661e64bd8242.JPG

Британецот Крег Купер почнал да користи Mounjaro во декември 2024-та и за девет месеци ослабел околу 30 килограми.

Но, кога ја зголемиле цената на лекот, морал да престане, а вели дека веднаш му се вратил апетитот.

„Двапати преживеав мал инфаркт и се плашев дека нема да си ги видам децата како ќе растат. Ми требаше чудо и мислев дека го најдов со инјекциите за слабеење.

Килограмите исчезнаа. Имав цунами од несакани ефекти – променливо расположение, конспирација, лош здив… Но, бев многу слаб.

Но, кога престанав со лекот, желбата за храна ми се врати за 48 часа. Се будев во 3 наутро со огромна желба за храна и јадев што ќе најдев во фрижидерот.

На крај сопругата стави катанец на фрижидерот. Секој месец се здебелував по шест килограми“.

oslabev-50-kg-so-ozempik-no-koga-prestanav-da-go-koristam-si-gi-vrativ-kilogramite-za-4-meseci-02.JPG

Британката Вивиен Џој, пак, има друго искуство.

Таа вели дека додека користела инјекции за слабеење, решила да си ги промени и навиките. Па, откако прекинала, не им се вратил на старите навики и сега лесно ја контролира тежината.

Вивиен почнала да користи Mounjaro во февруари минатата година, а престанала во октомври. Во овој период ослабела 30 килограми.

oslabev-50-kg-so-ozempik-no-koga-prestanav-da-go-koristam-si-gi-vrativ-kilogramite-za-4-meseci-04.JPG

„Слушав дека е невозможно да се одржи тежината без лекот, но не сакав да верувам во тоа. За са докажам, целосно престанав да го користам.

Сакав на себе да си покажам дека си ги променив навиките. Па, лесно ја одржувам тежината. Дури и за Божиќ, се здебелив само половина килограм.

Мислам дека успеав бидејќи не го користев лекот за да се ’изгладнувам‘. Наместо тоа, го искористив како алатка за да ги променам моите навики за јадење.

Слушам луѓе кои кажуваат дека го ’изеле целиот фрижидер‘ откако престанале со лекот. Ова се случува бидејќи имаат проблемот со емоционално прејадување.

Јас сум доказ дека ако го искористите лекот за да си ги промените навиките, нема да бидете само дел од статистиката“.

oslabev-50-kg-so-ozempik-no-koga-prestanav-da-go-koristam-si-gi-vrativ-kilogramite-za-4-meseci-03.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg