Јадат 10.000 калории дневно, тежат по 150kg и носат 5XL облека: Како изгледа животот во „престолнината на дебелината во САД“?

„Овде е нормално да бидете дебели, луѓето не слабеат бидејќи никој не ги осудува. Јас имам кратки паузи на работа, па јадам брза храна – хамбургер, пилешко. Некогаш јадам по само еден оброк, но тој оброк има 5.000 калории. Со кафе и пијалаци внесувам плус калории“, вели маж од градот Мекален каде повеќе од половина од населението се соочува со дебелина.

jadat-10-000-kalorii-dnevno-tezhat-po-150-kg-i-nosat-xxxxxl-obleka-kako-izgleda-zhivotot-vo-prestolninata-na-debelinata-vo-sad-01.jpg

Во Тексас, САД, постои гратче кое е нарекувано „американската престолнина на дебелината“.

Во Мекален, половина од населението се соочува со дебелина, додека една третина од останатите имаат прекумерна тежина.

Новинарката Скарлет Хаус од The Sun отишла да го посети градот, каде што поразговарала со неколку жители за нивниот начин на живот.

Таа открила дека овде пијалаците со шеќер се поевтини од водата, како и дека повеќето жители консумираат и по 10.000 калории дневно.

jadat-10-000-kalorii-dnevno-tezhat-po-150-kg-i-nosat-xxxxxl-obleka-kako-izgleda-zhivotot-vo-prestolninata-na-debelinata-vo-sad-02.JPG

Во градот има дури 500 ресторани за брза храна, односно по еден ресторан на 300 жители. Ова е многу над просекот во другите градови низ Америка.

Новинарката вели дека во првите неколку минути откако пристигнала во градот, забележала најмалку десет огромни билборди на кои се рекламирале понуди за брза храна.

„Изгледа и како градот да е дизајниран за да ги здебели луѓето. Овде е невозможно да одите пеш. Нема тротоари, нема велосипедски патеки и само неколку теретани, а сите ресторани за брза храна имаат drive-thru опција.

Има мали скутери што можат да се изнајмат преку апликација, па луѓето ги користат за движење низ трговски центри и супермаркети“, пишува новинарката.

jadat-10-000-kalorii-dnevno-tezhat-po-150-kg-i-nosat-xxxxxl-obleka-kako-izgleda-zhivotot-vo-prestolninata-na-debelinata-vo-sad-09.JPG

Таа разговарала со 48-годишен таксист кој исто така има прекумерна тежина и ѝ кажал дека ова е нормално во Мекален.

„Овде е нормално да имате прекумерна тежина, па луѓето не слабеат бидејќи никој не ги осудува. Знам дека јадам повеќе храна отколку што е потребно и знам дека не јадам здрава храна.

Имам кратки паузи, па јадам брза храна – хамбургер, кинеска храна или пилешко. Некогаш јадам по само еден оброк, но тој оброк има 5.000 калории. Со кафе и пијалаци внесувам плус калории.

Досега имам направено две операции на колената бидејќи се под голем притисок од мојата тежина. Имам артритис и хронични камења во бубрезите, во опасна зона сум“.

jadat-10-000-kalorii-dnevno-tezhat-po-150-kg-i-nosat-xxxxxl-obleka-kako-izgleda-zhivotot-vo-prestolninata-na-debelinata-vo-sad-07.JPG

Новинарката вели дека дури и тинејџерите се соочуваат со прекумерна тежина и дебелината веќе претставувала здравствена криза во градот.

Во локален трговски центар, каде што се продавала и ХXXXXL облека, новинарката сретнала брачен пар - Роуз која тежела 158 килограми и Луис кој тежел 165 килограми.

И тие зборувале за нивниот начин на живот, а вели дека мажот во раката држел газиран пијалак во шише од три литри.

„Порциите стануваат поголеми, дури и во супермаркети. Поевтино ни е да купиме храна во ресторан отколку да правиме дома.

Дури и со децата, најбрзо е да им купиме помфрит и пржено пилешко што ги продаваат и во супермаркетите.

Многу се здебеливме за време на пандемијата. Но, јас сега ослабев. Очајни сме да си го подобриме здравјето“, кажал Луис.

jadat-10-000-kalorii-dnevno-tezhat-po-150-kg-i-nosat-xxxxxl-obleka-kako-izgleda-zhivotot-vo-prestolninata-na-debelinata-vo-sad-11.JPG

Додека разговарале, новинарката забележала и дека една жена купувала 24 лименки газиран пијалак, две големи пакувања свинско месо, голема амбалажа Oreo колачиња, бисквити и крекери.

Истакнува дека кај повеќето луѓе во маркетот не забележала ниту еден зеленчук во корпата за пазарење.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава