Јадат 10.000 калории дневно, тежат по 150kg и носат 5XL облека: Како изгледа животот во „престолнината на дебелината во САД“?
Новинарката разговарала и со 61-годишна жена која поради тежината, морала да користи мал скутер за да се движи.
Таа гордо ѝ кажала дека грицкањето е зависност што ја имаат сите во градот.
„Ако некој нема грицки, тогаш е здодевна личност. Јас најмногу сакам чипс, си правам и гвакамоле. Многу сакам и газирани пијалаци“, ѝ рекла жената.
Пред супермаркетот имало и низа автомати каде што се продавале газирани пијалаци за помалку од еден долар. Од друга страна, шише вода од половина литар чинело три долари.
Потоа новинарката разговарала со локален нутриционист кој ѝ кажал дека луѓето во градот без проблем внесувале и по 10.000 калории дневно:
„Кесадиљата обично се прави со две тортилји, малку пилешко и кашкавал, но овде ги прават огромни.
Ставаат две огромни тортилји со планина кашкавал и авокадо и чипс. Оброкот е голем. И, овде никој не е физички активен“.
Во разговор со медицинска сестра, новинарката дознала дека во градот има и луѓе кои не можат да станат од кревет поради дебелината.
„Има многу луѓе со висок крвен притисок и многу дијабетичари, ова може да биде опасно по живот. Има луѓе кои тежат повеќе 180 килограм и не можат да станат од кревет.
Имаат многу лесен пристап до брза храна која содржи натриум и вештачки состојки.
Во градот има многу луѓе кои користат социјална помош, имаат ниски примања и немаат образование, па не им е јасно дека треба да ги читаат состојките, не знаат што се калории.
Па, стануваат зависни од шеќерот и адитивите во храната“.
Новинарката разговарала со маж кој не може да стане од кревет, но побарал неговиот идентитет да биде скриен.
Тој открил дека бил зависник од дрога, но потоа оваа зависност ја заменил со храна. Мажот тежел дури 273 килограми.
„Јадам три чикен бургери, 20 пилешки ’нагетс‘, колачиња, огромен помфрит, а после тоа ќе изедам уште три оброци. Ќе се прејадам, но мозокот ме лаже дека уште сум гладен.
Стигнав до оваа тежина за девет месеци и сега не можам ни да поминам низ влезната врата“.
Спирова С. | Црнобело