Му ставала отров во кафето, ја фатил со скриена камера: Како жена што пробувала да си го убие мажот не завршила во затвор?
Во период од неколку месеци, жена од САД му ставала избелувач во кафето на сопругот. Откако самиот забележал дека нешто не е во ред, решил да стави скриени камери во домот и кога ја фатил на дело, пријавил во полиција…
Во 2023 година, жена од Аризона, САД беше уапсена обвинение дека се обидувала да го отруе својот сопруг.
Мелоди Фелисијано Џонсон навистина го труела сопругот со избелувач, но негирала вина и покрај цврстите докази.
Најчудно е што на крај не добила ни затворска казна.
Детали за бизарниот случај.
Роби Џонсон работел за американската војска, а со неговата сопруга Мелоди имале едно дете.
Во март 2023 година тие минувале низ развод, но сепак живееле заедно. Овој период Роби бил ставен на должност во Германија, па решиле со сопругата да одат заедно со нивното дете.
По некое време Роби забележал дека кафето што му го правела сопругата имало чуден вкус.
Две-три недели не обрнувал многу внимание на оваа промена, но сепак решил да почне да истражува.
Купил тест со кој може да ја провери pH вредноста на кафето и кога го споредил со водата што ја користела жена му, сфатил дека пијалакот што му го приготвува има многу повисоко ниво на хлор.
Наместо да разговара со неа, тој решил да постави безбедносни камери во домот. Во меѓувреме, се преправал дека продолжува да го пие кафето.
На снимките од камерите забележал дека Мелоди навистина му ставала нешто во кафето, но не можел да утврди што.
На почетокот од јули истата година, Роби и неговото семејство се вратиле во Аризона.
Овој пат живееле во привремено живеалиште, додека тој работел на локална база.
Тој одлучил сè уште да не разговара со сопругата, туку продолжил да ја снима и овде, со цел да собере доволно докази – таа продолжила да го труе и таму.
Конечно, на 18-ти јули Роби се јавил во полиција и им ги покажал снимките.
Подоцна дел од нив беа објавени во јавност.
На едно видео се гледа како жената истура избелувач во чаша, а потоа се гледа и како во кујната во кафематот истура некаква течност.
На друга снимка се гледа како ја истура течноста во кафематот веднаш откако се избањала.
Кога полицијата пристигнала во домот, веднаш го забележале мирисот на избелувач во кафематот, а пронашле и садови полни со супстанца за која претпоставувале дека е избелувач.
Мелоди била веднаш уапсена, но одбивал да одговара на прашања и барала адвокат.
Роби, пак, се сомневал дека сакала да го убие за да ги добие парите од неговото животно осигурување.
Кратко по апсењето, на Мелоди ѝ била одредена кауција од 250.000 долари – имала семејство на Филипините, па постоел сомнеж дека може да побегне таму.
Во текот на судењето, Мелоди прво негирала вина, но потоа признала дека ставила мала количина избелувач во кафето на маж ѝ, но само двапати.
Додеа да биде изречена пресудата, Мелоди поминала скоро цела година во притвор.
Па, на крај не ни добил затворска казна, туку само тригодишна условна казна, како и задолжителен третман за нејзиното ментално здравје.
Наводно, сопругот бил тој кој не сакал Мелоди да оди во затвор.
Денес Мелоди е на слобода, додека нејзиниот сопруг пробува да се држи настрана од јавност.
Спирова С. | Црнобело