Бабичка во Загреб поставила огромен базен среде улица за внуците - на крај дошла полиција (хит видео)

„Базенот беше тука две седмици и колку што знам, никој од соседите не се пожали“, вели сопственичката на базенот, голем колку автомобил.

babichka-vo-zagreb-za-vnucite-postavila-ogromen-bazen-srede-ulica-video-01.jpg

Баба oд Загреб поставила голем базен пред својата куќа во загрепската населба Дубрава, на улицата меѓу паркираните автомобили.

Но, таа морала да го испразни и тргне базенот откако некој објавил видео на социјалните мрежи, по што приказната брзо се проширила.

Базенот, со големина на просечен автомобил, стоел пред нејзината куќа во последните две седмици, сè додека не дошла полицијата и не ѝ кажала дека мора да го испразни или во спротивно ќе добие казна, раскажува сопственичката за хрватските медиуми, која новинарите ја затекнале пред куќата кога дошле да го снимат базенот.

Базенот, кој бил поставен веднаш до оградата, не ја попречувал самата улица, но дефинитивно го привлекувал вниманието на секој што поминувал покрај него.

Таа не сакала да зборува пред камерите, разочарана што нејзините внуци повеќе не можат да се капат во базенот кој го поставила пред оградата затоа што во дворот немало доволно место за толку голем базен.

„Базенот беше тука две седмици и колку што знам, никој од соседите не се пожали“, вели таа.

„Децата се капеа во базенот по цел ден, а за среќа наскоро ќе одат на море“.

Како што додава, доколку навистина му пречел на некого, сигурно некој од соседите ќе ѝ кажел, но е свесна дека поставувањето на базенот можело да претставува проблем.

„Подоцна снаата ми ги прочита коментарите. Луѓето пишувале дека ќе фрлат солна киселина во базенот.

Замислете моите внуци да влезат во таков базен? Нека им биде на совест што би им се случило на трите дечиња“.

Кликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Починала во својот дом, ја нашле три децении подоцна: Детали за една од најчудните мистерии од поран... Хедвига Голик починала во 1960-тите или 1970-тите, во нејзиниот стан во Загреб. ...
16 забавни фотографии што ќе ве изненадат како снег среде лето „Сакав да се освежам со сладолед на плажа, си купив во еден макрте и кога го гри...
„Се разбудив за време на операција – немаше болка, но ги чувствував рацете на хирургот во стомакот“ Многу луѓе се плашат од можноста да се разбудат среде операција. Ако и вие спаѓа...
„Живеам на инстаграмџиска улица – полуголи инфлуенсерки позираат во двор и ми ги берат цвеќињата, пе... Живеам на улица со убави куќи, расцветани магнолии и цреши. „Извинете, во кадар ...

Најчитани неделава