Починала во својот дом, ја нашле три децении подоцна: Детали за една од најчудните мистерии од поранешна Југославија
Хедвига Голик починала во 1960-тите или 1970-тите, во нејзиниот стан во Загреб. Но, нејзиното тело е откриено дури во 2008 година, кога станарите сакале да ја реновираат зградата, но не добиле согласност од неа, па влегле во нејзиниот стан.

Смртта на Хедвига Голик во Хрватска е една од побизарните мистерии од регионов за која до денес нема конкретно објаснување.
Хедвига, која имала околу 42 години, починала во нејзиниот стан во Загреб во 1960-тите или 1970-тите.
Но, нејзиното тело било откриено дури во 2008-ма, односно повеќе од три децении никој не знаел дека е мртва, ниту, пак, отишол да ја провери.
Што знаеме за една од најголемите мистерии од поранешна Југославија?
Родена во 1924 година, Хедвига потекнувала од Риека, а живеела во Загреб, каде што работела како медицинска сестра.
Хедвига живеела во изнајмен тавански стан кој бил изолиран од другите станови во зградата.
Станот го нашла преку нејзин поранешен дечко, кој наводно бил и домар во зградата.
Според некои извори, тој бил вклучен во изградбата на зградата, па наместо пари, го добил станот.
Познато е дека и Хедвига и нејзиниот дечко биле јеховини сведоци, како и дека жената имала сестра во Загреб со која не била во контакт.
Жена која ѝ била сосетка на Хедвига многу години подоцна има изјавено дека таа била по малку ексцентрична и имала променливо расположение.
Некогаш била многу тивка и повлечена, а некогаш избувлива.
Сосетката изјавила дека не се дружела со останатите соседи, но имала навика да им црка на други луѓе на улица.
Бидејќи честопати имала гневни испад, некои соседи се сомневале дека има шизофренија.
Сосетката вели дека таа ѝ купувала храна и намирници бидејќи Хедвига скоро никогаш не излегувала од дома.
Но, истовремно, тврди дека никогаш не си направиле ни муабет.
Имало ситуации кога Хедвига го напуштала станот на подолго време, па сосетката вели дека затоа и никој не се посомневал дека ѝ се случило нешто.
Таа се присетува дека последниот пат кога ја видела во зградата била во друштво на тројца млади маж. Сепак, не се сеќава која година било ова.