Починала во својот дом, ја нашле три децении подоцна: Детали за една од најчудните мистерии од поранешна Југославија
Хедвига била сама во својот стан кога на непознат датум починала. Се шпкулира и за годината на нејзината смрт - според некои претпоставки починала во 1966-та, според други во 1973 година.
Претходно, таа им кажала на соседите дека ќе го напушти станот на неопределено време и соседите почнале да шпекулираат сешто – некои зборувале дека станала дел од секта во Македонија, други биле сигурни дека отишла да живее со роднини во Белград.
Се претпоставува дека соседите станале свесни за смртта на Хедвига уште во 1981 година. Или, барем им станало јасно дека таа не е таму.
Наводно, тие исплатиле нејзин долг, но не пријавиле ништо бидејќи се расправале за тоа кој ќе го добие нејзиниот стан.
Сите сметале дека заслужуваат дел од станот, но други истакнувале дека станот воопшто не бил нејзин, туку го изнајмувала.
Во 1991 години, претставник на другите станари пријавил дека станот на Хедвига е напуштен. Но, поради војната, пријавата поминала незабележано.
Многу години подоцна, во 2008-ма, станарите се договориле да прават големо реновирање на зградата. Но, не добиле никаква согласност од Хедвига.
Па, на 12-ти мај тројца од станарите влегле во станот и го откриле телото на Хедвига – била во нејзиниот кревет, покриена со ќебе. До неа стоела шолја за чај.
Пријавиле во полицијата, а аутопсијата не можела да утврди ни кога точно починала, ниту што е причина за смртта.
Првично мислеле дека Хедвига починала во 1973 година, но не им било јасно како соседите не почувствувале никаков мирис, иако прозорците биле отворени.
Електричната енергија во нејзиниот дом воопшто не била исклучена бидејќи сметките биле плаќани редовно – од непозната причина, сметките ги плаќал архитектот на зградата кој исто така живеел во Загреб.
Хедвига била погребана следниот ден и до денес никој не знае што точно ѝ се случило.
Спирова С. | Црнобело