3 причини зошто го привлекуваме истиот проблем одново и одново

Дали некогаш сте се соочиле со истиот проблем одново и одново? Нашите мисли и чувства ја создаваат нашата реалност, а тоа ги вклучува и нашите проблеми.

3 pricini zosto go privlekuvame istiot problem odnovo i odnovo 01

Ако откриете дека одново и одново се соочувате со истиот проблем, ова можат да бидат причините.

1. Постојано зборување за проблемот

За многумина луѓе токму ова е најсилната причина зошто секогаш ги привлекуваат проблемите. Кога постојано зборуваме за проблемот, се жалиме на лошиот однос, лошата работа и сл, ние, всушност се вртиме во круг.

Што повеќе зборуваме за проблемот, тој станува поголем, а често пати губиме и мотивација да го решиме.

Обидете се да го ограничите овој негативен циклус. Наместо постојано да се жалите, пробајте да го решите проблемот на поинаков начин. Претворете ги зборовите во дела.

3 pricini zosto go privlekuvame istiot problem odnovo i odnovo 02

2. Опсесивно размислување за проблемот

Додека повеќето луѓе во општеството веруваат дека загриженоста е клучна за нашиот опстанок, ништо не може да биде подалеку од вистината. Кога се грижиме за нашите проблеми создаваме поголем импулс и се одалечуваме од потребното решение.

Секако дека неколку негативни мисли нема да го уништат вашиот живот, но кога сте целосно опседнати со проблемот, важно е да научите како да си го одвлечете вниманието.

Позитивното одвлекување на мислите треба да стане ваш одговор на опсесивното размислување. Ова не значи дека треба да го игнорирате проблемот, туку треба научите да го гледате од различна перспектива, одморени и смирени.

3 pricini zosto go privlekuvame istiot problem odnovo i odnovo 03

3. Страв

Со промена на нашето однесување, во однос кон проблемот, го менуваме начинот на кој го чувствуваме проблемот. Кога постојано се соочуваме со истиот проблем, се јавува и страв од истиот.

На пример, ако се бориме да останеме здрави, се однесуваме како да се плашиме дека ќе се разболиме.

3 pricini zosto go privlekuvame istiot problem odnovo i odnovo 04

Кога постојано ги привлекуваме несаканите проблеми би било мудро да се запрашаме дали стремиме кон она што го сакаме или бегаме од она што не го сакаме.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg