Заборавете на сангвиници, меланхолици, колерици и флегматици - постојат 4 нови типови на личности

Веќе долго време се обидуваме да дознаеме и да објасниме зошто некои луѓе се однесуваат на одреден начин и во што е коренот на сите разлики во нивното однесување. 

Zaboravete na sangvinici melanholici kolerici i flegmatici ova se 4 novi tipovi na licnosti 01

Еден од првите обиди го направил Хипократ, кој верувал дека постојат четири темпераменти: сангвиници, меланхолици, колерици и флегматици. Но според новите истражувања постојат само 4 типови на личности: просечни, резервирани, егоцентрични и оние кои се пример за другите.

Овие сознанија ги менуваат вообичаените ставови во психологијата со кои поединците глобално се делат на 5 типови: отворени, совесни, екстровертни, пријатни и невротични.

Новите истражувања се успешно имплементирани благодарејќи на компјутерската технологија. Во овие нови истражувања се комбинирани податоци од четири прашалници исполнети од милион луѓе од целиот свет.

Порано истражувањата од овој ранг не биле можни без интернетот. Сите претходни истражувања беа спроведени на помал број луѓе. Денес поединците доброволно ги исполнуваат онлајн квизовите, што е одлична можност за добивање на информации за нивната личност.

Zaboravete na sangvinici melanholici kolerici i flegmatici ova se 4 novi tipovi na licnosti 02

Врз основа на пет заеднички и широко прифатени основни карактеристики на личности се создадоа четири нови групи, веќе споменатите: просечни, резервирани, примерни и егоцентрични.

Секако дека ниту еден тест на личности не е сосема точен, бидејќи луѓето созреваат и ги менуваат своите ставови, како и карактерот. Целта на овие истражувања е, пред сè, луѓето да откријат и да научат нешто за себе.

Овие податоци сигурно ќе бидат добра основа за некои нови, подетални истражувања.

Zaboravete na sangvinici melanholici kolerici i flegmatici ova se 4 novi tipovi na licnosti 03

Во каков тип спаѓате?

Просечни

Луѓе со висока доза на невротичност и екстровертност. Овој тип на личност е многу почест кај жените отколку кај мажите.

Резервирани

Луѓе склони кон емоционална стабилност. Не се особено екстровертни, но многу се совесни.

Примерни

Луѓе кои се пример за другите. Имаат ниска доза на невротичност, а сите други карактеристики им се високо развиени. Ова се сигурни луѓе, отворени за нови идеи. Овој тип на личност е многу почест кај жените отколку кај мажите.

Егоцентрични

Ги карактеризира високо ниво на екстровертност. Не сме премногу пристојни или совесни. Ова се луѓето со кои не сакате да се дружите, велат научниците. Овој тип на личности е подеднакво присутен кај двата пола.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Ретки фотки од секојдневието на познатите личности од минатото Марија Кири со нејзиниот велосипед, Коко Шанел на трка со коњи, Марк Твен игра б...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...

Најчитани неделава