10 ситуации во кои вашата најдобра пријателка треба да ви биде поважна од партнерот

Кога сте во сериозна врска, нормално е вашиот партнер да ви биде најважната личност во животот. Но неретко, кога се во врска, луѓето настојуваат да ги запостават нивните пријатели.

10-situacii-vo-koi-vashata-najdobra-prijatelka-treba-da-vi-bide-povazhna-od-partnerot-01.jpg

Сепак, дури и ако не се намалил квалитетот на врската со вашата најдобра пријателка, ако се најдете во некоја од следниве ситуации, таа мора да ви биде многу поважна од вашиот партнер:

Кога ќе ја остави партнерот

Ако вашата пријателка само што раскинала со партнерот, тогаш дефинитивно ќе ѝ бидете потребни. Ова важи уште повеќе ако нејзиниот партнер бил иницијатор за разделбата.

Без разлика дали раскинувањето било ненадејно или го очекувала, во овие моменти ќе ѝ биде потребна пријателка што ќе ја ислуша и утеши.

Кога таа ќе му раскине на партнерот

Дури и ако воопшто не ви се допаѓало момчето на пријателката и ако мислите дека направила добро што го оставила, тоа не значи дека не ѝ е потребна поддршка.

И во овој случај треба да бидете овде за неа и немојте да ѝ зборувате дека е добро што се разделиле.

И покрај тоа што таа сакала да ја прекине врската, сепак ќе ѝ треба време да преболи.

10-situacii-vo-koi-vashata-najdobra-prijatelka-treba-da-vi-bide-povazhna-od-partnerot-02.jpg

Кога поминале шест недели од вашата последна дружба

Никогаш немојте да го заборавите задоволството што го причинува излегувањето со вашите пријателки.

Ако не можете да се сетите кога последен пат сте излегле со вашата најдобра пријателка, време е да го направите тоа.

Не дозволувајте да помине многу време без да се видите со неа.

После расправија

Веројатно, кога ќе се скарате со вашата најдобра пријателка, барате утеха кај партнерот. Ова е одлично, но откако ќе се смирите, не заборавајте да ја побарате и пријателката.

Обидете се веднаш да разговарате за проблемот и не му дозволувајте да прерасне во нешто големо.

10-situacii-vo-koi-vashata-najdobra-prijatelka-treba-da-vi-bide-povazhna-od-partnerot-03.jpg

Кога ѝ треба друштво за на свадба

Ако вашата пријателка е сингл и добила покана за свадба, немојте да ја одбиете ако ве покани да одите со неа.

Ова ќе ви биде одлична можност да се забавувате и да се потсетите на деновите кога и двете сте биле сингл.

На вашиот партнер нема да му биде проблем една вечер да помине без вас.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg