Многу растеглива кожа, вишок заби: 9 луѓе со необични физички карактеристики

Жената со најдолгите трепки

Секоја жена сака долги трепки, но веројатно не колку трепките на Ју Џианџиа.

Трепките на Ју се долги дури 12,4 сантиметри, но таа тврди дека и покрај должината, воопшто не ѝ пречат.

mnogu-rastegliva-kozha-vishok-zabi-9-lugje-so-neobichni-fizichki-karakteristiki-06.jpg

Момчето со најширока уста

Исак Џонсон без проблем може да стави цело јаболко во устата бидејќи ја има најшироката уста на светот.

Кога ќе ја отвори устата, растојанието од горната до долната усна е 10,19 сантиметри.

mnogu-rastegliva-kozha-vishok-zabi-9-lugje-so-neobichni-fizichki-karakteristiki-07.jpg

Жената со најдолгиот јазик

Чанел Тапер го има најдолгиот јазик во светот – титула што ја носи уште од 2010 година.

Нејзиниот јазик е долг 9,75 сантиметри.

mnogu-rastegliva-kozha-vishok-zabi-9-lugje-so-neobichni-fizichki-karakteristiki-08.jpg

Мажот со најголемите стапала

Орландо Родригез од 2014 година го држи рекордот за мажот со најголемите стапала.

Првпат го добил сертификатот од Гинис во 2014 година, но бидејќи неговите стапала не престанувале да растат, во 2016-та му било направено уште едно мерење.

Тогаш неговите стапала биле долги 40 сантиметри и носел чевли број 75.

Според Гинис, по второто мерење, Орландо одел на третман за да го спречи растот на стапалата.

mnogu-rastegliva-kozha-vishok-zabi-9-lugje-so-neobichni-fizichki-karakteristiki-09.jpg

Мажот со најеластичната кожа

Гери Турнер има ретко нарушување кое влијае врз сврзното ткиво во неговото тело.

Поради ова, неговата кожа е многу растеглива, а и неговите зглобови се поподвижни отколку на просечен човек.

Гери може да ја растегне кожата на стомакот до 15,8 сантиметри.

mnogu-rastegliva-kozha-vishok-zabi-9-lugje-so-neobichni-fizichki-karakteristiki-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 карактеристики на „лошите“ мажи (какви не ви требаат) Кога се лути или фрустрирани, прават сите околу нив да го чувствуваат тоа. Ако п...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...

Најчитани неделава