Која боја најдобро ви одговара според денот на вашето раѓање?

Боите кои најдобро ви одговараат зависат од денот кога сте родени и од планетата која владее токму со тој ден. Родените во понеделник треба да носат зелена, во четврток сина...која е вашата?koja-boja-najdobro-vi-odgovara-spored-denot-na-ragjanje-1

Во некои бои се чувствуваме одлично без разлика дали станува збор за облека, ѕидовите во домот или во канцеларија, постелнината и слично. Но, некои бои пак навистина можат потсвесно да ни го уништат расположението.

Откријте која боја најдобро ви одговара вас:

1. Родени во понеделник- Денот на месечината

koja-boja-najdobro-vi-odgovara-spored-denot-na-ragjanje-2

Вие сте меланхолични, романтични и често го менувате своето расположение. Посакувате мирен живот, но тоа не ви оди од рака и често имате бурни секојдневија. Можете да бидете успешни во креативните и уметничките професии. Иако ја сакате сината и белата боја, сепак почесто треба да бидете опкружени со зелената бидејќи таа ја засилува вашата упорност.


2. Родени во вторник- денот на Марс

koja-boja-najdobro-vi-odgovara-spored-denot-na-ragjanje-3                                             

Отворени сте, динамични, активни и поседувате огромна борбеност и ентузијазам. Посесивни сте и секогаш настапувате сигурно бидејќи знаете колку вредите. Ја обожавате црвената боја, а освен неа добро би било да ја користите портокаловата и светло кафената.


3. Родени во среда- денот на Меркур

koja-boja-najdobro-vi-odgovara-spored-denot-na-ragjanje-4

Посакувате животот да ви биде како во авантуристички роман, полн со изненадувања. Секогаш ве привлекуваат новите работи, а поседувате голем талент за бизнис и умеете да бидете критичари. Никогаш не одмарате и секогаш брзате некаде. Ја сакате жолтата боја, а треба да носите сина боја која ќе ги смири вашите чувствителни нерви.


4. Родени во четврток- денот на Јупитер

koja-boja-najdobro-vi-odgovara-spored-denot-na-ragjanje-5

Великодушни сте, стабилни, делувате безгрижно, а всушност сите проблеми и тешкотии ги решавате многу лесно. Вие сте секогаш реални, објективни и не сакате да живеете во илузија. Опкружени сте со сината боја која ве смирува.


5. Родени во петок- денот на Венера

koja-boja-najdobro-vi-odgovara-spored-denot-na-ragjanje-6

Секогаш се трудите да бидете расположени, сакате забави и разни патување. Обожавате да планирате, но често брзо се откажувате од вашите замисли. Зелената боја може да ви помогне да направите рамнотежа помеѓу телото и духот.


6. Родени во сабота- денот на Сатурн

koja-boja-najdobro-vi-odgovara-spored-denot-na-ragjanje-7

Амбициозни сте, прецизни и имате богат внатрешен живот. Премногу ги критикувате другите, а треба да прифатите дека секој има свои маани. Иако ја сакате само црната и белата боја, сепак треба да се свртите кон жолтата која ќе ве поттикне на акција и ќе ви го подобри расположението.


7. Родени во недела- денот на Сонцето

koja-boja-najdobro-vi-odgovara-spored-denot-na-ragjanje-8

Зрачите со оптимизам, динамични сте и полни со изненадувања. Секогаш сте праведни и одлучни, а ваша боја е белата која во вас ги буди емоциите. 

Би можело да ве интересира:

Квиз: Дали го сакате партнерот или само сакате да сте во врска? Дали ја идеализирате врската или навистина го сакате партнерот? Решете го овој к...
Квиз: Дали вашите пријатели се токсични? Дали вашите пријатели сакаат да е секогаш сè по нивно? Ги чуваат ли тајните што ...
Квиз: Дали вашата љубовна врска е пред распаѓање? Дали врската ви е пред распаѓање? Постои ли нешто што може да се спаси, или е вр...
Квиз: Ќе ги погодите ли сите дестинации и атракции на кои им е заедничка сината боја? Знаете ли кое е вистинското име на Сината џамија во Истанбул? А, на кое море изл...
Квиз: Каде грешите во љубовните врски? Каков партнер сте кога сте во љубовна врска и каде грешите во односот со саканат...
Квиз: Дали ќе бидете добар брачен партнер? Дали му попуштате на партнерот, му удоволувате во секое време? Или вие сте си на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg