Тест за нивото на EQ

Од многу одамна, циниците збораваат како висината на коефициентот (IQ) на интелигенција покажува само колкав коефициент ќе постигнете на...

 

... тестовите за IQ и дека тоа нема баш некоја особена врска со успехот и среќата во животот.

Како резултат на тоа, се појавува една нова мерка – емоционалната интелигенција (ЕQ).

Кажано на едноставен начин, емоционалната интелигенција е способност за препознавање на чувствата и нивно јасно идентификување и разбирање, способност за нивно контролирање и  користење при изразувањето на своите мисли.

Сосема е очигледна улогата на чувствата во соочувањето со секојдневните ситуации, комуницирањето со другите луѓе, и најважното - која е нивната улога при донесувањето на одлуки.

Тест за емоционална интелигенција – EQ

Одговорете искрено со "да" или "не" на следниве десет прашања:

1 Можете ли јасно да го изразите своето чувство преку наједноставната реченица – „Чувствувам...“ ?

2 Можете ли да препознаете различни чувства?

3 Дали сте емотивно независни од другите?

4 Дали можете да ја препознаете причината поради која се чувствувате така?

5 Дали секогаш можете да го контролирате своето однесување?

6 - Дали сте способни да ги заборавите грешките и да го оставите зад себе се` она за кое што жалите?

7 Дали сте задоволни со своите постигнувања?

8 Дали ги искористувате своите потенцијали?

9 Дали другите сметаат дека имате високо мислење за себе?

10 Дали се прифаќате себеси онакви какви што сте?


Емоционално интелигентите луѓе имаат одговорено со „ДА“ на 8 од 10 прашања. А вие?

Концептот на EQ се појави во 1990 година, кога психолозите John Mayer и Peter Salovey објавија текст со наслов „Емоционална интелигенција“, а својата светска афирмација ја доживеа во 1995 година, кога Daniel Goleman го објави својот бестселер со идентичен наслов.

За разлика од коефициентот на интелигенција, сведоци сме на многу докази дека високиот EQ најчесто е гаранција за успех како во приватниот, така и во професоналниот живот.

Емоционално интелигентната личност не се буни лесно, ретко жали за своите одлуки или постапки, и одлично се справува со стресот. Оваа личност прифаќа предизвици и не паѓа под притисок, способна е за самоконтрола, но има и висока самодоверба  и знае да ги препознае своите вредности. Најчесто е поздрава и позадоволна од животот.

Најважно од се` е тоа што, за разлика од IQ кој се дефинира со самото раѓање, EQ може да се развива, и може да се работи на неговото зголемување без оглед на годините.

За разлика од IQ-то, мерењето на EQ е потешко. Сепак, научниците веќе имаат развиено нелпчли начини, а најпознат е оној на израелскиот психолог Reuven Bar-On.

За него постојат следниве критериуми:

Интраперсонална скала – Покажува како личноста се гледа самата себе и колку е способна да ги препознае различните емоции во исто време. Оваа категорија, исто така, е мерка и  за самодовербата, самосвесноста и независноста на личноста.

Интерперсонална скала – Се однесува на односот на личноста кон другите луѓе во однос на две најбитни работи:

1. Емпатија – способност на личноста да ги почувствува туѓите емоции.

2. Општествена одговорност – свест за допринесувањето кон општото добро.

Интерперсонални – Преку нив се мери способноста на личноста да креира и да одржува двострано задоволувачки односи со другите луѓе, со голема доза на интимност и искреност. Тука се ценат особините како што се сфаќањето на туѓите проблеми и ситуации, флексибилноста и толеранцијата.

Скала за управување со стресот –Покажува колку е една личност добра во толерирањето на стресот и контролирањето на импулсивните реакции.

Скала на расположението –Емоционално интелигентите луѓе се посреќни и со пооптимистички ставови, бидејќи добро се справуваат со негативните чувства.

Секако, луѓето се непредвидливи и навистина е тешко целосно да се завладее со сопствените чувства, но, тоа исто така и не значи дека вие не треба да се обидете.

Би можело да ве интересира:

Квиз: Која е вашата идеална секс поза во лето? (18+) Дали сте од оние кои поради жештините избегнуваат секс кога надвор е +30 степени...
Кој број треба да стои на местото на прашалникот? Погледнете ја фотографијата со три илустрации, па врз база на двата одговори, об...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg