Загатка која ќе ја решат само луѓето со натпросечно IQ: Кој е убиецот, а кој жртвата?


Загатка која ќе ја решат само луѓето со натпросечно IQ: Кој е убиецот, а кој жртвата?

Млад детектив по име Смит се соочил со најкомплицираниот случај за убиство. Во случајот биле вмешани 5 лица, кои сите се знаеле меѓусебно. Едно од нив било застрелано со пиштол.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-01.jpg

За жал, во документите немало име ниту на убиецот, ниту на жртвата. Само се знаело дека се работи за две лица од дадените пет.

Смит требало внимателно да ги проучи сите поединечно, па според деталите да открие кој е сторителот, а кој е жртвата во случајот.

Можете ли да го направите истото ако ви се дадени следниве информации:

Џон

Џон е аматер тенисер. Денот после убиството учествувал во турнир и играл со противник кој не е никако поврзан со случајот.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-02.jpg

Џек

Џек се преселил во градот каде се случило убиството 1 година пред да се случи убиството. Бил роден и растел на мал остров, каде најчесто луѓето се занимавале со риболов. Неговиот главен сон бил да има едреник за риболов.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-03.jpg

Стив

Стив работел како модел и бил нарцисоиден. До толку, што неколку дена пред убиството, позирал пред сликарот Бил, кој требало да му направи портрет.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-04.jpg

Бил

Бил е познат сликар, кој рекол дека би требало да го заврши портретот на Стив најдоцна за 1 недела.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-05.jpg

Алекс

Веднаш по убиството, Алекс отишол на Антарктикот како дел од експедиција за да учи да живее во екстремни услови. Таму е и за време на истрагата, заедно со уште 20 научници.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-06.jpg

Дополнителни околности кои ќе ви помогнат при одговорот:

  • Недела пред да се случи убиството, убиецот ја скршил ногата.
  • Стив и Алекс станале познаници 6 месеци пред убиството.
  • Алекс и убиецот се знаеле уште од детството – пораснале во исто маало во голем град.

zagatka-koja-ke-ja-reshat-samo-lugjeto-so-natprosecno-iq-koj-e-ubiecot-a-koj-zrtvata-07.jpg

Одговорот се крие на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Детективска загатка: Која пилула е отровна? Тим детективи имаат задача во која треба да им помогнете. Ставете се во улога на...
Детективска задача која ќе ја решат само луѓето со изострено око за де... Ставете се на миг во кожата на детективите и тестирајте ја вашата логика. Само п...
Тест низ 4 прегратки: Каква љубов посакувате? Прегратките се интимен чин помеѓу саканите лица преку кој искажуваме нежност и с...