Кратки загатки кои ќе ви ја тестираат логиката и ќе ви го „размрдаат“ умот

Ако летово премногу се опуштивте и доволно го одморавте мозокот, време е за мало размрдување.

kratki-zagatki-koi-kje-vi-ja-testiraat-logikata-i-kje-vi-go-razmrdaat-umot-01.jpg

Овие загатки ќе ви ја тестираат логиката и добро ќе ви го истренираат умот за да ве одржат во форма.

Прочитајте ги добро загатките, размислувајте надвор од кутијата и дајте го најдоброто можно решение.

Кратки загатки кои ќе ви ја тестираат логиката и ќе ви го „размрдаат“ умот
  1. 1. Малечката Мери била заробена во замок далеку од дома. Во замокот имало 4 врати, но само една водела до слобода:
    - Во првата има лава што инстантно ќе стопи сè.
    - Во втората има кловн кој ќе претепа до смрт кој и да влезе.
    - Во третата е смртоносно ладно, што секој би се смрзнал кога би влегол.
    - Во четвртата има полицаец кој без размислување би пукал и во маж и во жена.

    Која врата треба да ја одбере за безбедно да излезе од замокот?
    Одговор
  2. 2. Еден дечко отишол во посета на Париз, но не можел веќе да го поднесе погледот кон Ајфеловата кула. Затоа, тој секој ден ручал на едно место од каде што не може да ја гледа.

    Кое е тоа место?
    Одговор
  3. 3. Петар ѝ се јавил на сопругата да ѝ каже дека ќе биде дома во 20:00, а стигнал во 20:05 часот. Тие немале посебни планови, но сепак жената била многу лута за доцнењето.

    Зошто жената се налутила толку многу?
    Одговор
  4. 4. Борјан седел во кафуле и во шолјата нашол мува, па побарал од келнерката да му донесе ново кафе. Откако добил ново кафе и пробал една голтка, се налутил бидејќи сфатил дека е истиот пијалак само ја извадиле мувата.

    Како тој го знаел тоа?
    Одговор
  5. 5. Стефан добил задача да оди на аеродром и да пречека клиент со кој не се познава, не го видел претходно, не е позната личност и не добил опис за него за полесно да го најде. Но, кога го здогледал веднаш го препознал.

    Како е тоа можно?
    Одговор

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трик прашање: Колку банани можете да изедете? Дали загатките ви се силна страна? Дали сакате забавни трик прашања? Одговорот н...
Оптичка илузија која сериозно ќе ви го тестира умот: Го гледате ли лицето? Вистинска идила, зарем не? Недогледно зеленило, куќичка, дрвја река... Но, ова е...
Логичка загатка: Колку нозе има на подот? Дали размислувате логично и „надвор од кутијата“ или логиката не ви е силна стра...
Загатка за умни глави: Што купив најпрво? Дали сакате да решавате загатки и досетки? Ако да, тогаш сигурно оваа загатка ќе...
Гатанка за умни глави: Дали знаете за што се работи? Колку добро ви одат гатанките и загатките? Дали сметате дека лесно можете да нај...
Збунувачко трик прашање: Колку прсти има? Тестирајте се дали можете брзо да решавате математички и логички загатки... Оваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg