Квиз за логичари: Како ќерката го наследила таткото крал, иако не го сакала престолот?

Ве будиме од зимски сон со една логичка загатка – многумина можеби се сретнале некогаш со неа и веднаш ќе погодат, но некои сигурно ќе се помачат.

kviz-za-logichari-kako-kjerkata-go-nasledila-tatkoto-kral-iako-ne-go-sakala-prestolot-01.jpg

Станува збор за традиционална загатка со наследување на кралскиот престол од таткото – но, која од трите ќерки ќе го добие? Точниот одговор ви е „пред нос“, но треба да го „вклучите“ умот.

Следете ја приказната:

Кралот на многу далечно кралство веќе почнал да старее и да размислува за прогласување наследник. Тој имал 3 ќерки, секоја посебна на свој начин, па кралот не можел да се одлучи која од нив да го наследи и да стане кралица.

Две од ќерките имале огомна желба да го наследат и нивната цел цел живот била да станат кралици, додека третата ќерка била помалку заинтересирана. Сепак, кралот сакал да биде праведен со сите три.

kviz-za-logichari-kako-kjerkata-go-nasledila-tatkoto-kral-iako-ne-go-sakala-prestolot-2.jpg

Еден од неговите советници дошол до идеја како полесно да одлучи: кралот да им даде задача на трите ќерки, а таа што ќе победи - да го освои тронот.

Тие требало да наполнат тенџере со вода, а ќерката чие тенџере најбро ќе ја свари водата – ќе стане негов наследник.

kviz-za-logichari-kako-kjerkata-go-nasledila-tatkoto-kral-iako-ne-go-sakala-prestolot-3.jpg

Кралот ја донел одлуката и кога дошол денот за задачата, принцезите ги ставиле на оган тенџерињата полни со вода.

Две од нив со цело срце сакале да успеат во својата цел и биле максимално посветени, но на крајот, сепак „натпреварот“ го освоила третата ќерка која не го сакала тронот.

Како ќерката успеала да победи и да го наследи таткото крал, иако не го сакала престолот?
  1. Одговор

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Загатка што ќе ве измачи: Како е можно да се добие 30? Ако ви се предизвик математички загатки, тогаш ќе уживате додека ја решавате ова...
Лесна загатка која сериозно ќе ве збуни: Што може да биде тоа? Оваа загатка прво ќе ве збуни, а кога ќе го видите одговорот сигурно ќе се насме...
Збунувачко трик прашање: Колку прсти има? Тестирајте се дали можете брзо да решавате математички и логички загатки... Оваа...
„Астронаутски“ предизвик за умни глави: Што е погрешно на илустрацијата? Астронаутот ја постигнал својата цел, но нешто е погрешно на оваа илустрација. Ш...
Предизвик за познавачите на дијалекти: Знаете ли што е „џилетка“? Убавината во македонскиот јазик е во големиот број наречја, а сега ве тестираме ...
Математичка загатка за паметни: Кој број треба да стои на местото на прашалникот? На илустрацијата пред вас има математички равенства, кои, секако, не се точни. С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg