Квиз за логичари: Како ќерката го наследила таткото крал, иако не го сакала престолот?

Ве будиме од зимски сон со една логичка загатка – многумина можеби се сретнале некогаш со неа и веднаш ќе погодат, но некои сигурно ќе се помачат.

kviz-za-logichari-kako-kjerkata-go-nasledila-tatkoto-kral-iako-ne-go-sakala-prestolot-01.jpg

Станува збор за традиционална загатка со наследување на кралскиот престол од таткото – но, која од трите ќерки ќе го добие? Точниот одговор ви е „пред нос“, но треба да го „вклучите“ умот.

Следете ја приказната:

Кралот на многу далечно кралство веќе почнал да старее и да размислува за прогласување наследник. Тој имал 3 ќерки, секоја посебна на свој начин, па кралот не можел да се одлучи која од нив да го наследи и да стане кралица.

Две од ќерките имале огомна желба да го наследат и нивната цел цел живот била да станат кралици, додека третата ќерка била помалку заинтересирана. Сепак, кралот сакал да биде праведен со сите три.

kviz-za-logichari-kako-kjerkata-go-nasledila-tatkoto-kral-iako-ne-go-sakala-prestolot-2.jpg

Еден од неговите советници дошол до идеја како полесно да одлучи: кралот да им даде задача на трите ќерки, а таа што ќе победи - да го освои тронот.

Тие требало да наполнат тенџере со вода, а ќерката чие тенџере најбро ќе ја свари водата – ќе стане негов наследник.

kviz-za-logichari-kako-kjerkata-go-nasledila-tatkoto-kral-iako-ne-go-sakala-prestolot-3.jpg

Кралот ја донел одлуката и кога дошол денот за задачата, принцезите ги ставиле на оган тенџерињата полни со вода.

Две од нив со цело срце сакале да успеат во својата цел и биле максимално посветени, но на крајот, сепак „натпреварот“ го освоила третата ќерка која не го сакала тронот.

Како ќерката успеала да победи и да го наследи таткото крал, иако не го сакала престолот?
  1. Одговор

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Математички предизвик: Кој е следниот број во низата? Сакате ли еден нов математички предизвик? Ќе успеете ли да дојдете до вистинскио...
Предизвик за познавачите на дијалекти: За каков алат се работи? Дали одлично ги познавате македонските дијалекти? Ако да, тогаш ве предизвикувам...
Гатанка за умни глави: Дали знаете за што се работи? Колку добро ви одат гатанките и загатките? Дали сметате дека лесно можете да нај...
Едноставна математичка загатка – Колку време ќе ви треба да ја решите? Ако сте љубител на математиката и на геометријата, тогаш веднаш ќе се сетите на ...
Логична загатка: Од која фигура ќе ја добиете коцката на илустрацијата? Дали ви е логиката силна страна? Ако мислите дека размислувате логично, тогаш ов...
Предизвикувачко трик прашање: Кој лета без летање? Како се снаоѓате со трик прашањата? Ова не е толку едноставно, дали ќе се сетите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg