Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат?

Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, нема потреба да ги шетате, а знаат да се галат и да ви покажат љубов на свој сопствен начин. Но, како да дознаете дали навистина ѝ се допаѓате на вашата мачка?

Odgovori-na-nekoi-od-najcestite-prashanja-za-mackite-dali-ve-sakaat-zoshto-predat-zoshto-nosat-zivotinki-01.jpg

Оние што чувале мачки знаат дека тие може понекогаш да бидат и малку чудни со нивните невообичаени навики и непредвидливиот темперамент.

Дали некогаш сте се запрашале зошто мачките предат или зошто постојано ви носат мртви животинки и птици во домот? Дали индиферентниот поглед значи дека им се допаѓате или не?

Зошто си ги лижат шепите?

Во продолжение проследете ги одговорите на некои од најчестите прашања за мачките:

Дали ѝ се допаѓам на мојата мачка?

За разлика од кучињата, мачките се помистериозни и тешко е да процените дали навистина ве сакаат.

Сепак има неколку основни знаци што ќе ви укажат на тоа дека мачката со сигурност ве сака:

  • Галење со главата – мачките најчесто го втриваат својот мирис само на луѓето што им се допаѓаат;
  • Откривање на стомакот – ако мачката ви го покаже стомакот тоа значи дека во целост ви верува;
  • Грицкање – иако може силно да гризнат, сепак вашата мачка може нежно да ве грицка на прстите за да ви покаже колку ве сака.
  • Месење – Ако вашата мачка обожава да „ве меси“ тоа значи дека се чувствува смирено кај вас.

Odgovori-na-nekoi-od-najcestite-prashanja-za-mackite-dali-ve-sakaat-zoshto-predat-zoshto-nosat-zivotinki-02.jpg

Доколку вашата мачка се крие од вас, бега, ве гризе силно или ви ’ржи – тоа може да значи дека не сте ѝ омилената личност.

За да ја придобиете нивната доверба може да се обидете да им давате храна, да бидете нежни со нив, да не бидете премногу бучни или да правите премногу гласни и ненадејни движења.

Исто така обидете се да седите до нив, а не да стоите над нив.

Доколку ништо од ова не помага, тогаш добро би било да посетите ветеринар за да откриете да не има некој друг проблем.

Odgovori-na-nekoi-od-najcestite-prashanja-za-mackite-dali-ve-sakaat-zoshto-predat-zoshto-nosat-zivotinki-03.jpg

Зошто мачките предат?

Вообичаено се смета дека мачките предат само кога се задоволни, но тоа не мора да биде точно.

Во суштина зависи од мачката.

Тие се мошне индивидуални суштества, па така има разлика во предењето од мачка до мачка – некои предат гласно, а некои можете да ги слушнете само кога ќе им се приближите.

Понекогаш мачките можете да ги слушнете дека предат и кога одат на преглед кај ветеринар, па тогаш со сигурност не се ниту опуштени, ниту среќни.

Затоа се смета дека предењето на мачките на еден начин претставува повик „да се грижиме за нив“. Доколку постои разлика помеѓу предењето од среќа и предењето кога бараат да се грижиме за нив, таа сè уште не е разоткриена.

Odgovori-na-nekoi-od-najcestite-prashanja-za-mackite-dali-ve-sakaat-zoshto-predat-zoshto-nosat-zivotinki-04.jpg

Зошто мачката носи мртви животинки?

Дали тоа што носи дома мртво глувче или птица значи дека ги уловила? Дали на тој начин сакаат да ви покажат колку се храбри?

Причините за ваквото однесување се поврзуваат со навиките што ги стекнале како мали, додека нивните мајки се грижеле за нив, па и ги учеле како да ловат.

Мајката често на почетокот знае да донесе мртва животинка и да им даде на своите малечки да јадат, а потоа ќе им донесе и живо глувче за да ги научи како да ловат.

Според мачките, луѓето не знаат да ловат, па затоа ви носат дома мртви животинки, за да ве научат да ловите како нив.

Некогаш, тоа според нив може да биде и подарок за вас, ви донеле храна.

Затоа, следниот пат кога мачката ќе ви донесе мртва или жива животинка, колку и да ви е гадно, обидете се да запомните дека во нивните очи тие прават нешто убаво за вас.

Odgovori-na-nekoi-od-najcestite-prashanja-za-mackite-dali-ve-sakaat-zoshto-predat-zoshto-nosat-zivotinki-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 грешки што треба да ги избегнувате ако (првпат) чувате мачка Никако немојте да ѝ ги сечeте ноктите и немојте да ѝ давате млеко – Кои се најче...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg