Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот?

Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу студена или многу топла соба – треба да обрнете внимание на некои работи ако сакате вашето куче да има квалитетен сон.

kako-da-go-podobrite-kvalitetot-na-sonot-na-vasheto-kuche-01.jpg

На возрасните кучиња им се потребни од осум до околу 14 часа сон. Генерално спијат навечер, а дремат и во текот на денот.

Старите кучиња почесто се будат навечер, па поради ова во текот на денот минуваат повеќе време во спиење.

Како кај луѓето, сонот е особено важен и за кучињата.

Но, вашето куче не може да ви каже дека не спие добро, па вие треба да обрнувате внимание на симптомите.

Направени се малку истражувања за недостаток од спиење кај кучиња, но постојат некои знаци кои се очигледни.

Овие знаци се слични како и симптомите кои се јавуваат кај луѓето:

  • Поизразени реакции на стресни ситуации
  • Раздразливост и променливо расположение
  • Проблеми со сеќавањето

kako-da-go-podobrite-kvalitetot-na-sonot-na-vasheto-kuche-02.jpg

Како да го подобрите квалитетот на сонот на вашето куче?

Физичка активност

Трчањето, играњето и прошетките ќе му помогнат на кучето да ја истроши енергијата, и со тоа полесно да заспие навечер.

Па, осигурете се дека вашето куче ќе има можност да се истрча барем еднаш дневно.

kako-da-go-podobrite-kvalitetot-na-sonot-na-vasheto-kuche-03.jpg

Намалете ја вревата

Како луѓето, и на кучињата им пречи врева кога спијат.

Ако вие останувате во дневната соба до доцна и правите врева, тогаш наместете му креветче на кучето во друга, потивка соба.

Не заборавајте дека кучињата имаат посилно сетило за слух од луѓето, па и вревата што е тивка за нас може да им го нарушува сонот.

kako-da-go-podobrite-kvalitetot-na-sonot-na-vasheto-kuche-04.jpg

Обрнете внимание на температурата во собата

Ако кучето спие во многу студена или многу топла просторија, дефинитивно ќе има нарушен сон.

За кучињата идеална температура за спиење е од 23 до 25 степени Целзиусови.

Исто така, важно е кучето да има свое креветче (или барем ќебе), а не да спие на плочки, паркет и слично.

kako-da-go-podobrite-kvalitetot-na-sonot-na-vasheto-kuche-05.jpg

Воспоставете рутина

Повторно исто како луѓето, и за кучињата е важно да имаат рутина на спиење.

Односно, да си легнуваат и да се будат во релативно исто време.

Ова значи дека кога ќе му дојде на кучето време за спиење, оставете го да спие.

kako-da-go-podobrite-kvalitetot-na-sonot-na-vasheto-kuche-06.jpg

Два оброка дневно

Генерално, кучињата треба да јадат два оброка дневно, на околу 12 часа.

Кучето не треба да биде без храна повеќе од 12 часа бидејќи можат да му се јават проблеми со дигестивниот систем, а со тоа да се наруши и квалитетот на сонот.

Во ред е да му давате и по три оброци дневно, само помали.

Количината храна што треба да ја изеде зависи од расата и големината на кучето, па за ова најдобро е да се консултирате со ветеринар.

kako-da-go-podobrite-kvalitetot-na-sonot-na-vasheto-kuche-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg