Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа

„Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го споредуваш твојот старт со нечија четврта година работа“, испраќа апел Селена Драча, техничарка за нокти од Србија, a додава апел и за цената на услугата.

tehnicharka-za-nokti-od-srbija-10-raboti-shto-bi-sakala-da-gi-znaev-koga-pochnuvav-so-ovaa-rabota-01.jpg

Селена Драча е техничарка за нокти од Србија, која открива што би сакала некој да ѝ кажел пред да почне да работи нокти.

Селена вели:

„Ова не е листа на „правила“. Ова се лекции што ги платив со време, грешки и замор.

Да сум знаела барем половина од ова на почеток, ќе работев помирно, посигурно и со помалку сомнеж во себе“.

tehnicharka-za-nokti-od-srbija-10-raboti-shto-bi-sakala-da-gi-znaev-koga-pochnuvav-so-ovaa-rabota-03.jpg

Еве што би сакала некој да ми кажеше пред да почнам да работам нокти:

Не учат сите техничарки за нокти со исто темпо.

Престани да го споредуваш твојот прв месец со нечија четврта година работа.

Грешките се нормални.

Човек си. Учиш. Не ја претворај секоја грешка во неуспех.

tehnicharka-za-nokti-od-srbija-10-raboti-shto-bi-sakala-da-gi-znaev-koga-pochnuvav-so-ovaa-rabota-02.jpg

Брзината не е цел на почетокот.

Прво совладај ја техниката, а брзината доаѓа подоцна.

Добрата подготовка е сè.

Ако подготовката не е добра, ќе се мачиш со сè останато.

Материјалот мора да има „архитектура“.

Не се работи за тоа да го нанесеш дебело, туку да имаш правилен баланс.

tehnicharka-za-nokti-od-srbija-10-raboti-shto-bi-sakala-da-gi-znaev-koga-pochnuvav-so-ovaa-rabota-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава