20 трикови за ефикасно трошење на времето кои треба да ги научите во 20-те


11. Обврските околу одржувањето на работниот простор препуштете ги на професионално лице

Додека сè уште сте во вашите 20-ти голема е веројатноста дека нема да имате можност за овој потфат, но кога веќе еднаш имате финансиска стабилност, побарајте помош од професионалец за одржување на работниот простор.


12. Оценувајте ги личните постигнувања за да станете подобри, а не да барате грешки

Повторувањето на грешките од минатото е една од најлошите работи преку кои го губите драгоценото време. Токму затоа, редовно оценувајте ги своите проекти и анализирајте ги вашите навики.

20-trikovi-za-efikasno-trosenje-na-vremeto-koi-treba-da-gi-naucite-vo-20-te-2

13. За секоја обврска поставете си рок

Поставувањето на лични рокови е една од најдобрите работи која може да ја направите за што е можно подобро да си го организирате времето.

Ако шефот ви зададе рок за некоја задача до петок, вие завршете ја во четврток и така ќе имате време и простор да проверите постоење на евентуални грешки.


14. Одбележувајте го времето поминато во патување

Без разлика на тоа дали станува збор за времето кое ви е потребно да стигнете и да се вратите од работа или времето кое го минувате во патување додека сте на работа, одбележете го и имајте на ум колкав период од денот го губите токму на оваа активност.


15. Користете ги веќе пробаните системи

Никој не вика дека не можете сами да стигнете до беспрекорно решение, но за тоа ќе ви биде потребно многу повеќе време за разлика од тоа ако се послужите со некоја стручна литература и ги пробате решенијата кои некој друг веќе ги испробал за вас.


16. Во календарот додадете го времето за одмор и релаксација

Од голема важност е во своето работно време да најдете малку простор и за релаксација. Стресот кој се насобира како резултат на напорните обврски ќе ве направи помалку продуктивни. 

Препуштете се и на малку уживање во природа или во добра книга или во што и да што лично вам ви се допаѓа како средство за релаксација.

20-trikovi-za-efikasno-trosenje-na-vremeto-koi-treba-da-gi-naucite-vo-20-te-3

17. Одете на пауза во текот на работниот ден

Седењето во столица цел ден воопшто не е здраво, па за да ја одржите кондицијата направете неколку кратки паузи на работа. Не мора да ве нема долг период, ама доволно е за 5 минути да станете од столицата и да се чувствувате подобро како физички така и психички.


18. Научете да кажете „Не“ во вистинските мигови

Ако настојувате да ги прифаќате сите работни задачи, тогаш ќе имате добра основа за напредување на професионален план ако сте во 20-тите години.

Кога веќе еднаш сте изградиле кариера и имате доволно обврски, треба да научите да кажете „Не“ на оние работи кои ќе ве кочат во извршувањето на вашата главна работа.

20-trikovi-za-efikasno-trosenje-na-vremeto-koi-treba-da-gi-naucite-vo-20-te-4

19. Одредете си ги приоритетите во животот

Да се разберете самите себеси е од витално значење за управување со сопственото време.
Ако вас најважно ви е семејството, тогаш насочете ги сите работни обврски во тој правец и подредете ги задачите на тој начин што ќе си дадете време и за семејството.


20. Брзо признајте ги грешките и продолжете со работа

Не го губете залудно времето во објаснување и прикривање на грешките, наместо тоа признајте дека сте погрешиле, решете го проблемот и продолжете натаму.



Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg