10 знаци дека е време да си дадете одмор и да го намалите темпото кое води до „прегревање“
Во животот се соочуваме со одредени моменти кога чувствуваме дека не можеме да продолжиме со истото темпо, бидејќи во спротивно тоа ќе биде лошо по нашето здравје.

Претераното динамично темпо на живот и работа му штети на физичкото, но и на менталното здравје.
Постојаното следење на одредени зацртани идеали без престан води до исцрпеност и слаба емоционална состојба.
Прекумерен стрес и лошо целокупно здравје се последиците од тоа да правите нешто без да си дадете одмор и време за себе.
Неколку знаци дека сте пред „прегревање“ кои ќе ви покажат дека е време да си дадете одмор...
1. Постојано сте изморени.

2. Имате големи тешкотии при концентрација и станува сè потешко за разлика од претходно.
3. Се изложувате на стрес дури и за најмалите и најневажните работи.

4. Вашиот одмор не може да се нарече одмор бидејќи никогаш не се опуштате целосно.
5. Се „истурате“ на пријателите и семејството и избувнувате без причина.

6. Почнувате да се изолирате и не може да се сетите кога последен пат сте се дружеле без обврски.
7. Станувате многу повеќе песимистични за разлика од порано и животот го гледате низ црни очила.
8. Почнувате да прескокнувате оброци бидејќи немате доволно време или апетит и не обрнувате внимание на тоа.

9. Динамичното темпо и истоштеноста почнуваат да ве напаѓаат „физички“ и вашето целокупно здравје станува полошо.
10. Престанавте да уживате во работите кои порано ги сакавте и животот ви се сведува на работа...

M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео...
„Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа
„Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија
На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
