Како да ѝ се вратите на работната рутина кога сегашната ситуацијата ќе се стабилизира?

Не заборавајте на здравата исхрана

Кога ќе се вратите на работа, ќе ви биде потребна повеќе енергија, па морате да се фокусирате и на начинот на исхрана.

Најдобро е да си направите неделно мени со здрави оброци и придржувајте се до него. На овој начин не само што ќе се храните поздраво, туку сигурно ќе успеете и да заштедите нешто.

kako-da-i-se-vratite-na-rabotnata-rutina-otkako-kje-pomine-pandemijata-05.jpg

Одвојте време за одмор

Ако се преморувате од работа, нема да постигнете многу добри резултати. Всушност, повремениот одмор е клучен за вашата продуктивност.

Затоа, искористете ја паузата за ручек за вистински да одморите, а кога се чувствувате напнато или имате проблеми со фокусот, одвојте 5 минути за тивка медитација, а потоа вратете се на работа.

kako-da-i-se-vratite-na-rabotnata-rutina-otkako-kje-pomine-pandemijata-06.jpg

Бидете трпеливи

Морате да сфатите дека нема уште првиот ден да бидете продуктивни како пред пандемијата. Сепак, подолг период сте биле дома и ќе ви биде потребно време да се адаптирате.

Затоа, дајте го најдоброто од себе, но немојте да се форсирате или да се чувствувате лошо бидејќи не сте во најдобра форма уште првата недела.

Само бидете упорни и со текот на времето ќе се вратите во форма.

kako-da-i-se-vratite-na-rabotnata-rutina-otkako-kje-pomine-pandemijata-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...

Најчитани неделава