Четиридневна работна недела: Кои земји во Европа го пробаа овој начин на работа и дали би функционирало во Македонија?

Разговорите околу четиридневната работна недела се разгореа после пандемијата, при што работниците и работодавците ја преиспитаа важноста на флексибилноста на работното место. 

chetiridnevna-rabotna-nedela-koi-zemji-vo-evropa-go-probaa-ovoj-nachin-na-rabota-i-dali-bi-funkcioniralo-vo-makedonija-01.png

Идејата е едноставна - вработените би работеле четири дена во неделата, додека добиваат иста плата и ги добиваат истите бенефиции. Во продолжение погледнете кои земји веќе го практикуваат ова, а што мислите вие - дали овој начин на работа би функционирал кај нас?

Данска

Додека официјалната работна недела на Данска е долга 37 часа, општината Одшеред спроведе четиридневна, 35-часовна работна недела во 2019 година.

Шведска

Во 2015 година, Шведска тестирала шестчасовни работни денови со мешани резултати. Вработените чувствувале помалку стрес и подобра рамнотежа помеѓу работата и животот, но работодавателите морале да ангажираат уште неколку работници за да ги надоместат изгубените часови, па затоа овој тест го сметале за неуспешен.

chetiridnevna-rabotna-nedela-koi-zemji-vo-evropa-go-probaa-ovoj-nachin-na-rabota-i-dali-bi-funkcioniralo-vo-makedonija-02.png

Холандија

Холандија има кратка просечна работна недела (29 часа) од раните 1990-ти, и има многу работници со скратено работно време. Компаниите како Dell и Canon имаат имплементирано 32-часовни опции за работниците (иако Dell исто така ги намали платите за 20%).

Шпанија

Во 2021 година, Шпанија започна пробен период во некои големи компании. Шпанскиот телекомуникациски гигант Telefónica воведе четиридневна неделна опција за своите вработени во јуни 2022 година, но со соодветно намалување на платата од 20%.

Исланд

Исланд тестираше четиридневни, 35-36-часовни недели од 2015-2019 година со повеќе од 2.500 вработени. Тестот се сметал за огромен успех.

Продуктивноста останала иста или подобрена, рамнотежата помеѓу работата и животот се подобрила, исцрпеноста и стресот се намалиле, а се намалиле и канцелариските трошоци како електрична енергија.

Моментално нема закон за четиридневна работна недела, освен за оние кои работат од дома со флексибилно работно време.

chetiridnevna-rabotna-nedela-koi-zemji-vo-evropa-go-probaa-ovoj-nachin-na-rabota-i-dali-bi-funkcioniralo-vo-makedonija-03.png

Белгија

Белгија се приклучи на земјите кои нудат четиридневна работна недела, почнувајќи од февруари 2022 година. За разлика од повеќето четиридневни недели, кои ги намалуваат работни часови на 32 неделно (осум часа дневно за четири дена), програмата на Белгија го задржува условот од 40 часа неделно, преминувајќи од осумчасовни смени пет дена во неделата на десетчасовни смени четири дена во неделата.

Литванија

Досега го немаат тестирано овој начин на работа, но шочнувајќи од 2023 година, Литванците кои имаат деца на возраст од 3 или помали, ќе имаат право да работат четири дена во неделата.

M. Г. | Црнобело / pixabay.com

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg