7 тајни за успешен брак

Иако сите ние сакаме откако ќе го кажеме судбоносното “ДА” и ќе влеземе во брачните води таму и да останеме среќни и задоволни, сепак денес...





... од три брака, два завршуваат со развод.

Со помош на многу парови и секс терапевти, научниците дојдоа до 7 тајни на успешниот брак:

1. Комуникација

Иако звучи мошне едноставно, недостатокот на комуникацијата или некавалитетната комуникација се јавува како чест проблем. Слушањето, разбирањето и емпатија исто така се дел од комуникацијата.

2. Упорност
Многу е полесно нештата да ги оставите како што се, отколку да се потрудите да ги решите проблемите меѓу вас. Може некогаш личи дека не постои логично решение, но ако не пробате, нема ни да знаете дали можете да ги смените работите на подобро. На врската треба доста да се работи, треба да учиме на своите, но и на туѓите грешки. Заедничкото учење ја зацврстува врската.

3. Решавање на проблемите
7-tajni-za-dobar-brak1
Кога нешто не е како што треба, лесно е да се скарате, да викате и да не слушате што патрнерот има да каже или да предложи. Начинот на кој се решаваат проблемите се учи со текот на времето. Дајте си време добро да размислите, да разговарате со партнерот и да го сослушате. Прифатете ги своите грешки и извинете се.

4. Одржувајте ги страстите

Најголемата разлика помеѓу новиот партнер и оној со кој сте биле со години заедно, е недостатокот на страсти. Но нема причина да биде тоа така. Како што рековме, на врската треба да се работи, но и на одржувањето на страстите исто така. Експериментирајте, одвојте време еден за друг и најважно од се – разговарајте за тоа.

5. Сопствен живот
Кога ќе ја најдете сродната душа, лесно се забораваат сопствените потреби. Во тој контекст, мислиме на активностите кои вас ве опуштаат и ве прават среќни: дружење со пријателите, планинарење и сл. Не го заборавајте животот кој сте го имале пред да влезете во брачните води, не мора се да правите заедно.


6. Почитување
Често знаеме да се постави кон партнерот онака како што не се поставуваме со никоја друга блиска личност во нашиот живот. Најголемата причина за ова е тоа што со никој друг не сме толку блиски и не ги познаваме толку добро, како нашиот брачен партнер.

Но замислете како би било, кога некој ваш близок ќе види како вие разговарате и се однесувате со партнерот. Тоа би било навистина непријатно за сите, па затоа внимавајте и контролирајте се кога сте во друштво. Третирајте го партнерот исто како што би сакале и тој да ве третира вас. Сите ние сакаме почит која ја заслужуваме.

7. Забава
Може да излезете и да се забавувате со пријателите, но не мора да заборавите и на забавата со партнерот. Лесно се заборава забавата со некој кој го гледате секојдневно. Но треба и понатака да продолжите да правите се она што сте правеле и на почетокот на врската, така што новитетите никогаш да не престанат.
Забавувајте се заедно и квалитетно поминете го времето. Опуштајте се заеднички и правете работи кои вам ве прават најсреќни.

Би можело да ве интересира:

„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg