Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна!

Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа е глупост. Затоа што вистинската љубов е лесна. Таа изгледа како 14 часот во недела попладне, со нозете испружени преку туѓите на каучот во дневната соба...

te-molam-pochekaj-ja-lichnosta-koja-kje-ti-ja-napravi-ljubovta-lesna-01.jpg

Долг период додека растев, верував дека најсилните врски се оние што се најхаотични.

На крајот на краиштата, конфликтот беше во центарот на секоја романтична комедија што ја гледав додека растев. Секоја љубовна книга што ја читав. Секоја ТВ серија, секоја драматична приказна, секој напис – сè беше фокусирано на драма и кавги.

Борба еден за друг. Борба околу друг. Борба за да ја задржиме врската кога работите стануваат тешки.

Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. Неконзистентна.

А јас сум тука да кажам дека тоа е глупост.

Еве една вистина до која јас дојдов по подолго време, а се надевам дека ти ќе ја сфатиш многу побрзо: „Љубовта не треба да биде главната компликација во твојот живот. Не треба да биде твојот главен извор на болка. Не треба ни да биде значаен извор на болка“.

Ги романтизираме борбите за друг човек и жртвувањето за него, докажувањето дека ќе бидеме тука, без разлика колку е тешко да се сака. Но, вистината е дека вистинската личност нема да биде тешко да се сака.

Затоа што вистинската љубов е лесна.

Таа изгледа како 14 часот во недела попладне, со нозете испружени преку туѓите на каучот во дневната соба, додека читате различни книги во пријатна тишина.

Изгледа како патувања со автомобил каде разговорот се разгорува со возбуда, па потоа се смирува во удобна тишина додека патот поминува покрај вас.

Изгледа како да се согласувате многу почесто отколку што се расправате. Како да се поддржувате многу повеќе отколку што се критикувате. Како да се радувате за заедничката иднина, затоа што ја градите онака како што обајцата навистина ја сакате.

Вистинската љубов не се врти околу конфликти – туку околу хармонија.

Околу заеднички раст. Околу поддршка низ предизвици. Околу тоа да го извлечете најдоброто еден од друг и да се соочите со најлошото како тим.

Во секоја врска ќе има конфликти.

Но, треба да го најдеш човекот со кого конфликтот е неопходно зло, а не постојана состојба. Оној што сака да ги решава конфликтите праведно – барајќи добивка за двајцата, наместо победа само за себе.

Затоа што нема ништо романтично во тоа да сте пар кој едноставно не функционира.

Нема ништо убаво, во реалниот живот, во постојано раскинување и повторно смирување, распаѓање и повторно собирање. Во реалниот живот, тоа е само постојано трошење време и енергија. Во реалниот живот, тоа е нездраво за никого.

Еве една непријатна вистина за „ТВ-љубовите“ со кои растевме: „Ако твојата врска личи на онаа меѓу Чак и Блер, Рејчел и Рос или Тед и Робин – жал ми е, ама најверојатно не си со вистинската личност“.

Затоа што љубовта не треба да се состои од конфликти. Не треба да биде болна. Не треба да биде драматична и хаотична, туку лесна и ослободена.

Да го сакаш човекот со кого си треба да биде природно како дишење, барем во повеќето денови.

Треба да биде едноставно и лесно да го сакаш. Треба да биде лесно многу почесто отколку што е тешко. Треба да биде јасно многу почесто отколку што е збунувачко.

И ако не е така, голема е веројатноста дека не си во вистинската врска.

Затоа што вистинската љубов е лесна – дури и во нејзините најтешки моменти.

А таа љубов навистина вреди да се чека.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg